Како Невладините ја колонизираа Босна

December 14, 2023
1 min read

На 28 ноември се заокружија 28 години од Дејтонскот договор што ја прекина војната во Босна, војна за која Кит Клеренберг пишува дека „во секоја фаза беше охрабрувана, финансирана, вооружувана и пролонгирана од САД.“ 

Тој договор ѝ наметна на Босна комплициран и неефикасен политички систем и незграпен устав чии делови во многу наврати досега беа оспорени во Европскиот суд за човекови оправа.

Сето тоа време Босна го има она за што Заев робовски мечтаеше – камшикар, во лицето на Високиот претставник за Босна (моментално Кристијан Шмит), кој може да да поништува претседателски вета, да блокира или наметнува легислатива, да решава кој може а кој не да се кандидира за политичка функција, да отстранува функционери… И пак ќорак.

„Во многу нешта, Босна денес личи на традиционална колонија на глобалниот југ,“ пишува Клеренберг.

Државата живее од странски инфузии, а „меката контрола“ се одвива преку граѓанските организации: ги има неверојатни 25.600, од кои 7.500 се регистрирани а во Република Српска.

Кога своевремено ЕУ обелодени планови за основање про-демократска фондација со седиште во Сараево, гласно се побуни фондацијата Сорос; да не се дуплирала работата.

Толку многу странски кеш што се влева во босанските невладини организации неизбежно ја поттикнуваат и корупцијата. Проневери, погрешно распределени пари, вработување пријатели и роднини на  државни службеници….

Шефот на финансиската полиција на Сараево рече дека ниту една невладина во земјата не ги троши парите на транспарентен начин.

Поплавувањето на Босна со странски господари, организации и структури доведе до класична зависност карактеристична за колониите при што локалните жители „забораваат како да владеат со себе“. За Клеренберг нема сомнеж дека неспособноста на Босна е намерна и дизајнирана.

„Босна е жив доказ дека изобилството на невладини организации, особено оние кои се финансирани од странство, не само што е слаб индикатор за постоење демократија, туку тоа активно ја попречува демократизацијата и развојот. Во не мал дел, тоа е затоа што невладините организации создаваат бирократија меѓу граѓаните и нивната влада и уште поважно, ја атрофираат способноста на луѓето да се управуваат сами“, пишува тој.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европски престолнини на културата за 2028 година – Скопје, Ческе Будјејовице и Бурж

Следно

Приведени двајца малолетници за нанесување повреди на 14-годишник во Скопје

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop