Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

March 4, 2024
1 min read

Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња.

Марк Џонсон од Центарот за истражување млечни производи при Универзитетот на Висконсин во САД, потсети дека ова сирење првпат е направено во 14. век, на Алпите во Швајцарија.

-Тоа е тврдо сирење со долг рок на траење и лесно можело да се пренесува по планините каде што се произведувало. Сепак, денес, називот „швајцарско сирење“ не се однесува на тоа од каде доаѓа сирењето, туку на видот – на тоа како се произведува сирењето, објасни д-р Џонсон.

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“. Таа ја ферментира млечната киселина, произведувајќи јаглерод-диоксид, којшто на одредени делови се собира и создава големи меурчиња. Така настануваат дупките.

-Швајцарското сирење без дупки се нарекува „слеп Швајцарец“, и тоа се смета за недостаток. Ако видите сирење означено како „швајцарско“, а нема дупки, тоа не е вистинско швајцарско сирење и нема да го има вкусот или текстурата што ја барате, нагласи стручњакот.

Според него, ниту едно друго сирење не ја користи таа техника, освен швајцарското сирење и неговите специфични брендови.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина актерот со познат глас, беше дел од „Војна на ѕвездите“ и „Гремлини“

Следно

Во Идризово ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop