Како гром од ведро небо: Манчестер Јунајтед го донесе првото засилување за следната сезона!

October 2, 2025
1 min read

И покрај тоа што потрошија над 200 милиони евра минатото лето, тие повторно играат многу лошо, а почетокот на сезоната беше ужасен за сите во Манчестер Јунајтед.

Тие веќе загубија три од првите шест натпревари во лигата, а менаџерот Рубен Аморим е под зголемен притисок да ги сврти работите ако сака да остане менаџер на клубот.

Додека неговата иднина е доведена во прашање, челниците на Манчестер Јунајтед не губат време и инвестираат во иднината на клубот.

Сè е потврдено од специјалистот за трансфери Фабрицио Романо.

„Манчестер Јунајтед го заврши потпишувањето на 17-годишниот Колумбиец Кристијан Ороско. Трансферот е вреден 1 милион евра и тој доаѓа од Форталеза, а од следното лето ќе биде дел од тимот од Олд Трафорд“, напиша Романо.

Секако, трансферот е договорен за следното лето бидејќи играчот тогаш ќе има 18 години и ќе може да се пресели во Англија.

Ороско е дефанзивен играч од средниот ред кој моментално игра за Форталеза во Колумбија, откако се приклучи на тимот претходно оваа година од Роха. Тој е капитен на колумбиската репрезентација до 17 години, со девет настапи за тимот.

Манчестер Јунајтед има големи очекувања од него, секако за годините што доаѓаат.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што ќе му донесе полната Месечина на вашиот хороскопски знак?

Следно

Снег ја завеа и Грција- до неодамна таму се капеа туристи, сега може да се скијаат (ВИДЕО)

Latest from Blog

Божиновска: Со Бугарија отвораме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и
Go toTop