Како „Ферари“ на небото: Сив сокол постигнал речиси 390 километри на час

July 10, 2024
1 min read

Сивиот сокол (Falco peregrinus) може да достигне брзина од над 300 километри на час, што го прави најбрзата птица во светот. А, еден од нив постигнал 389,46 км/ч., пренесува „ИФЛ сајенс“ (IFL Science).

– Тој е како „Ферари“ на небото. Сепак, сивиот сокол може да ги достигне овие опасни брзини само кога ќе изведе еден вид „нуркање“ во воздухот познато како ловечки залет, појасни Кен Френклин, пилот, но и љубител и познавач на соколите.

Ловечкиот терен всушност е местото за тој лет во пад, што соколот го користи за да го фати својот плен. Издигнувајќи се далеку над целта што би можела да биде друга птица, тој ги повлекува крилјата заради порамномерен облик, пред да се спушти со клунот надолу, речиси под прав агол.

Дел од секундата пред да ја достигне целта, без разлика дали е на земја или во воздух, соколот ги шири крилјата за да го забави падот и да го промени правецот.

Најголемата забележена брзина што сив сокол некогаш ја достигнал е 389,46 км/ч. Птицата по име „Страшен“ го постигна тоа во американската сојузна држава Вашингтон. Сепак, овој лет е снимен како дел од документарен филм за „Нејшнал џиографик“ (National Geographic). Спуштањето на соколот почнало откако тој бил ослободен од авион на височина од 5.182 метри, далеку повисоко отколку што птица од овој вид вообичаено би летала на небото. Така што, некои орнитолози го оспоруваат тоа дека сив сокол би можел да достигне олку голема брзина во нормални услови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Де ла Фуенте: Видовме фудбалски генијалец

Следно

Палестинец девет месеци бил во израелски притвор: Поради последиците од тортурата мисли дека сѐ уште е во затворот

Latest from Blog

Песков: Преговорите за Украина се на пауза, бидејќи САД имаат други приоритети

– Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков. Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва.

Почина чичко Драги од Рекорд

Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд почина. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Тина, која вели дека со години му помагала, пред да замине во странство. -Секое поминување

Шилегов тврди: Тројца екс градоначалници на Кочани неправедно обвинети во случајот „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов во своето најново интервју жестоко ја критикуваше логиката на Јавното обвинителство во судскиот процес за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, посочувајќи на сериозен правен парадокс. Според Шилегов, обвинителството неосновано
Go toTop