Како Ексел со години ги забавуваше Ф1 болидите на Вилијамс

March 23, 2024
1 min read

Џемс Воулс стана прв човек на тимот на Вилијамс рано во 2023 година и веднаш му станало јасно дека внатрешните процеси се катастрофа.

Целиот процес на создавање болид за трка бил толку неефикасен што дури и кога дизајнот бил навреме решен, возилото било само куп делови и на само три недели од планираното тестирање.

Добар дел од ова се должело ма начинот на кој Вилијамс го чувал инвентарот- во монструозно голема Ексел табела.

Воулс  и техничкиот директор Пет Фрај обелодениле дека Вилијамс користел табела која со тек на време толку многу натежнала што во неа биле вклучени околу 20.000 делови што се користат за изработка на автомобилите.

Системот не бил само толку аматерски дизајниран и невозможен за навигирање низ него туку му недостасувале важни логистички информации. Тимот, наводно, немал централен ресурс кој следи колку чинат делови, колку време е потребно за да се направат, па дури и колку ги има или каде се складирани. Поради тоа, екипата за производство барала делови чија локација не е документирана, губејќи драгоцено време.

„Ексел списокот беше смешка. Невозможно да се движите низ него, невозможно да го ажурирате“, изјави Воулс за The Race, нудејќи го како пример предното крило на Вилијамс кое е составено од 400 парчиња.

„Треба да знаете каде е секоја од тие независни компоненти, колку време ќе потрае пред да биде завршена, колку време ќе потрае за да оди на проверка. Ако има проблеми со проверките, треба сè одново… А поради нивото на сложеност на Формула 1, Екселот паѓа, ние паѓаме, Вилијамс паѓа….“ вели Воулс.

Заради незграпната и сложена база на податоци, тимот се појавил доцна на предсезонските тестирања во 2019 година.

Сега сето тоа оди на сеопфатен ремонт на системот, само што за тоа ќе биде потребно време. И чат-пат по некоја Ексел табела.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Отворен ден на Армијата по повод годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од основањето на Алијансата

Следно

Макс Верстапен најбрз и во квалификациите за ГН на Австралија

Latest from Blog

Проданоски: Институциите во Прилеп се целосно подготвени за справување со пожари

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за

Над 38,8 милиони денари промет на Македонската берза, индексот МБИ10 во пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.535,52 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Со самба против “Самураите“, Германија треба и мора, дербито е Холандија – Мароко

ФОТО:facebook.com/Brasilnationalfootballteamforever/ Во текот на денешниот ден на програмата се три супер интересни мечеви од 1/16 финалето на Мундијалот. Бразил – Јапонија, Германија – Парагвај и Холандија – Мароко. Бразил, предводен од Карло

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници

Николоски: Следува најголемата реформа во Железницата, потпишан грант со Светска банка

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на
Go toTop