Како да уживате во секоја чаша: мал водич за дегустација на „Виноскоп“

April 25, 2026
2 mins read

Вранецот останува еден од најсилните симболи на македонската винска традиција, но новата винска зрелост на публиката околу него отвора многу поширока приказна, во која виното сè почесто се избира според повод, храна, сезона, стил и личен вкус. Изборот е богат од свежи бели и ароматични сорти, до розе, пенливи и полни црвени домашни или увозни вина. Годинава, на јубилејното 15-то издание на Виноскоп, кое од 13 до 17 мај ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, кај Школкаќе се прашува дали виното е суво или полусуво, дали е свежо или барикирано, дали има лесно тело или посложена структура, дали е за летна вечер, за вечера со пријатели или за побавно дегустирање. 

Виноскоп, денес, повторно го носи винското задоволство во срцето на градот, но и ја отвора пошироката приказна за виното како дел од урбаното искуство, гастрономијата и социјализацијата. Како мала школа за вкусување на селектирани сорти, во пресреѕ на фестивалот ви носиме и неколку совети. 

Најдобриот совет за посетителите е да не почнат од најтешкото вино. Дегустацијата има свој ред: прво полесни и посвежи вина, потоа ароматични бели, розе и пенливи вина, а дури потоа полни црвени вина како Вранец, Каберне Совињон или барикирани вина. Така непцето не се заморува пребрзо и секое следно вино има простор да се покаже.

Кај храната, правилото е едноставно: закуската не треба да го „победи“ виното, туку да му помогне да се отвори. Свежите бели вина, како Смедеревка, Ризлинг или полесно Шардоне, добро се надополнуваат со понежни сирења, салати, лесни предјадења, пилешко, риба или зеленчук. Ароматичната Темјаника бара повнимателен избор и најдобро се снаоѓа со полесни закуски, млади сирења, јадења со билки или благо зачинета храна.

Розето е можеби најпотценетиот сојузник на фестивалска дегустација. Добро изладено, може да биде одличен избор со летни салати, макала, брускети, лесни тестенини, сирења, сувомесни производи и скара со понежен вкус. Тоа го носи балансот меѓу свежината на белото и овошноста на црвеното, па затоа лесно се снаоѓа со разновидна храна.

Пенливите вина, ако ги има на дегустација, не треба да се чуваат само за свечен почеток. Тие се одлични партнери на солени и крцкави закуски, пржени залчиња, солени крекери, похувани парчиња или сирења. Меурчињата и киселоста ја освежуваат устата, а токму тоа го прави следниот залак попријатен.

Кога доаѓа редот на Вранецот, правилата стануваат појасни. Ова вино сака храна со карактер. Зрели сирења, месо на скара, побогати месни јадења, сувомесни производи и закуски со повеќе маснотија можат да ги омекнат танините и да го извлечат пополниот впечаток од виното. Затоа Вранецот ретко е најдобар избор со лесна салата или нежна риба, но може да блесне покрај јадење што има тежина, соленост и текстура.

И тука лежи суштината на новата винска култура: не е важно само кое вино е „добро“, туку кога, со што и како се пие. Едно исто вино може да изгледа сосема различно ако е премногу топло, ако се проба по претежок залак или ако се спои со храна што не му одговара. Затоа дегустацијата не треба да биде трка од штанд до штанд, туку мало истражување. Една чаша, една закуска, неколку минути внимание и прашање до винарите често вредат повеќе од десет брзи голтки.

За оние што сакаат да дегустираат повнимателно, доволни се три едноставни чекори: погледнете ја бојата, завртете ја чашата за да се ослободат аромите и помирисајте пред да пробате. Голем дел од она што го нарекуваме вкус, всушност почнува од мирисот.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Арбелоа бесен по грешката на Реал Мадрид: Судиите во Шпанија не го разбираат фудбалот

Следно

СЕ ЗНАЕ ШТО ПЛАНИРА ПУТИН, И НЕ Е ДОБРО: „Веќе има 500.000 мртви“

Latest from Blog

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

Со декрет на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, на адвокатката и поранешна министерка за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ѝ е доделено високото државно признание орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“.

Проданоски: 10.000 тутунопроизводители од Прилеп добија субвенции

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека се исплатени субвенциите за реколтата од 2025 година за тутунопроизводителите, во вкупен износ од над 2 милијарди денари, наменети за повеќе од 15.000 корисници низ
Go toTop