Како да го направите воздухот во домот помалку сув ‒ СОВЕТИ ЗА ПРИЈАТНА И ЗДРАВА АТМОСФЕРА

January 11, 2026
1 min read

Бегството од
студот најубаво е да се побара во топлината на дом
от, но греењето на просториите, покрај
пријатноста, носи и низа негативни последици. За да го неутрализирате престојот
во простории со исклучително сув воздух, постојат неколку начини.

Проветрување
на просториите

Проветрувањето
е најлесен и најсигурен начин да обезбедите оптимална влажност на воздухот, да
ги уништите микроорганизмите и слично. Доволно е три пати на ден
да ги отворите прозорците и да проветрите по три минути. Ако не сте дома во
текот на денот, сосема е доволно да ги отворите прозорците наутро и навечер.

Чинии со
вода на грејни тела

Овие чинии
се исто така многу ефикасни, а најдобри резултати даваат ако ги користите во
комбинација со проветрување. Не се скапи, а многу се корисни. Ако користите
чинии за радијатор, најдобро е да купите пластични, бидејќи водата во нив
најбрзо испарува. На акумулациски печки едноставно ставете сад со вода и
оставете да испарува полека. Во садот можете да додадете и неколку капки
етерично масло од лаванда, еукалиптус или мента. Етеричните масла имаат
антивирусно дејство, поволно влијаат на дишните патишта и ја отстрануваат
заморот. Водата во садот менувајте ја секој ден.

Варење
вода со кора од цитрус

Сувиот
воздух можете да го навлажните и со варење вода. Доволно е во обичен сад да
налеете вода и да додадете парчиња кора од портокал или лимон. На тивко оган
оставете смесата да зоврие. Пареата ќе ја зголеми влажноста во просторијата, а
мирисот на цитрус ќе го подобри вашето расположение.

Собни
растенија

Собните
растенија го прават воздухот посвеж и влажен, затоа пополнете ги сите простории
со нив, освен оние во кои спиете. За пријатна атмосфера и оптимална влажност ќе
се погрижат фикус, филодендрон, драцена, собни палми или дрво лимон.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши сезоната за Конор Бредли (ВИДЕО)

Следно

Џенифер Лоренс за снимањето жешки сцени: Подобро е со странец (ВИДЕО)

Latest from Blog

Американски конгресмени го КРИТИКУВААТ МЕШАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА

Републикански членови на Конгресот испратија формално писмо до Урсула Фон Дер Лајен, остро критикувајќи го мешањето на Европската комисија во унгарскиот изборен процес. Како алатки за влијание, тие ги истакнуваат финансирањето водено

Проданоски со велигденска порака: Светлината на Воскресението нека донесе мир во секој дом

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток,

Севиља го “реши“ Атлетико Мадрид!

ФОТО:facebook.com/sevillafc.eng/ И тоа како голема победа за Севиља во борбата за опстанок, против учесниците во четвртфиналето на Лигата на шампионите, тимот на Атлетико Мадрид со резултат 2:1. Не се чекаше долго на

Проданоски со велигденска честитка: Мир, љубов и радост за сите граѓани

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток,
Go toTop