Какаото стана поскапо од бакарот, велигденските чоколадни јајца веќе поскапеа

March 26, 2024
1 min read

Какаото на Њујоршката берза поскапе за повеќе од 700 долари по тон за еден ден, а неговата цена надмина 9.000 долари за тон, така што стана поскапо од бакарот.

Како што пренесува „Блумберг“, фјучерсите на какаото во Њујорк дополнително се зголемија по веста за финансиски проблеми во Гана, вториот најголем светски производител на споменатата суровина.

Какаото само овој месец поскапе за околу 60 отсто, а цените годинава се зголемени повеќе од двојно поради лошите временски услови и појавата на болести на посевите.

Трговците се загрижени за последиците од климатскиот феномен Ел Нињо, кој предизвика суша во Западна Африка, во области каде се произведуваат 75 отсто од суровините клучни за производство на чоколадо.

Какаото се произведува првенствено во Гана и Брегот на Слоновата Коска.

Велигденските чоколадни јајца веќе поскапеа поради големите трошоци за какао, а некои производители ја намалуваат количината на слатки или промовираат слатки со други состојки за да го ублажат поскапувањето, пренесува Јаху Фајненс.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филмски продуцент пронајден мртов во парк во Рим: Го барале 2 месеци, оставил само една трага

Следно

Законот за рестриктивни мерки, ќе го чека следниот парламентарен состав

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop