Каја Калас во петок во Скопје – нова шанса за европската иднина или стари пораки за уставните измени?

May 21, 2025
1 min read

Каја Калас во петок во Скопје на средба со Мицкоски – нови надежи или стари пораки за замрзната европска иднина на земјава?  

Македонија е последната станица од втората турнеја на регионот, на шефицата на европската дипломатија. По посетите на Белград и Приштина, Калас во петок пристигнува во Скопје. Според агендата, најавен е тет а тет разговор со Мицкоски. Со МНР Муцунски ќе го отворат првиот Дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Македонија, а заедно со Мисајловски ќе ја посети Балканската медицинска работна група. 

Европска Служба за надворешно дејствување ЕЕАС – Во Северна Македонија, високата претставничка Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Таа ќе го отвори првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и ќе ја посети Постојаната организација на Балканската медицинска работна група во присуство на министерот за одбрана Владо Мисајловски. Калас ќе има средби и со претставници на младински и студентски организации.

Дали Калас доаѓа само со дипломатски формалности, или пак со пораки кои може да ја раздвижат закочената евроинтеграција. Посетата е на само една недела откако претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, од Скопје порача дека ЕУ очекува да се исполни договореното и дека не е потребен план Б, туку само реализирање на планот А. 

И додека Бугарија децидно ги отфрла уставните измени со одложено дејство, потенцирајки дека рамката е европска, а не бугарска, Сиљановска очекува средба со Радев под палката на Антонио Кошта. Вчера изјави и дека Австрија се понудила за медијација и дека членки на ЕУ не го прават тоа ако работата е завршена. Ветото како инстумент на ЕУ, Сиљановска во цинична форма, го спореди со одлука за укинување на срамна смртна казна , а за односот на ЕУ кон Македонија порача – ајде уште овој осуден да го егекутираме.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Унгарија претседателот Ердоган се сретна со лидерите на ОТС

Следно

Руте: Ако Путин повторно нападне одговорот ќе биде разорен

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop