Кабинетот на Сиљановска Давкова ќе бара објаснување од бугарската страна

September 14, 2024
1 min read

Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги селектира медиумите до кои испрати објаснување за скандалот со неистакнување на македонското знаме на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев. Рацин.мк непосредно по средбата испрати прашање до Кабинетот на претседателката за објаснување за пропустот, но од таму нема одговор.

Во секој случај, скандалот во Бугарија заслужи јасно и транспарентно објаснување, но од Кабинетот одлучиле дека за него ќе испратат соопштение само до селектирани медиуми.

Со оглед на големиот јавен интерес за овој случај, Рацин.мк го пренесува соопштението што од Кабиниетот на претседателката го испратиле до колегите од порталот МКД.мк.

„Воодушевена од настапот на Бугарската опера во Скопје со вагнеровата ‘Валкира’, македонската претседателка Гордана Сиљановска- Давкова, убедена во моќта на културната дипломатија, вети дека ќе присуствува на настапот на Македонската опера во Софија со вердиевиот ‘Набуко’. За таа цел, на 13-ти септември ја посети Република Бугарија, придружувана од министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков.

По тој повод, беше договорена тет-а-тет средба со претседателот на Република Бугарија, г-динот Румен Радев, ручек на македонските и бугарските претставници, како и заедничко присуство на операта ‘Набуко’, во изведба на Македонската опера и балет. За жал, трагичниот настан, односно авионската несреќа ги спречи претседателот и неговата сопруга да ѝ се придружат на претставата. Обајцата се извинија за спреченоста.

Средбата и заедничкиот ручек поминаа во извонредно пријателска атмосфера, од пречекот до крајот. Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор.

Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна.

На крајот, бугарската оперска публика, позната по префинетиот музички вкус со френетични аплаузи и овации го награди фантастичниот настап на македонските уметници, уште еднаш докажувајќи ја неисцрпната и неограничена моќ на уметноста“, се вели во одговорот на прашањето на МКД.мк од кабинетот на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кабинет на претседателката Сиљановска – Давкова: Ќе побараме објаснување за фотографијата пред бугарското знаме, ваков чин и потег не беше предвиден

Следно

Верстапен: Направивме некои промени и однесувањето на мојот болид стана непредвидливо

Latest from Blog

Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа

(Видео) РЕКИ ОД ЛАВА НА ПАДИНИТЕ НА СИЦИЛИЈА – Еруптираше Етна, најголемиот вулкан во Европа

Најактивниот вулкан во Европа, Етна на Сицилија, повторно еруптираше, создавајќи спектакуларна глетка од реки од уштена лава кои течат низ неговите падини. Според извештаите на Би-Би-Си и италијанскиот Национален институт за геофизика

Комуналец Прилеп: Во тек косење на повеќе локации долж Оревоечка река

Од Одделението „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Комуналец“ Прилеп две екипи интензивно работат на косење на проблематични делови од Оревоечка река. Активностите се одвиваат на потегот од мостот „Димо Наредникот“ кон мостот

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик

СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат
Go toTop