Кабинетот на Борел изготвил пакет мерки против владата на Косово и премиерот Курти

June 14, 2023
2 mins read

Портпаролот на ЕУ Петер Стано вчера потврди дека кабинетот на шефот на европската дипломатија  споделил со земјите-членки на ЕУ „нацрт мерки што треба да се преземат доколку премиерот Курти не преземе соодветни и итни чекори за деескалација на ситуацијата и намалување на тензиите“ на северот на Косово

Кабинетот на високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел подготвил предлог за пакет мерки насочени против владата на Косово и премиерот Албин Курти, поради недостатокот на политичка волја да ги преземат неопходните мерки за деескалација на ситуацијата северот на Косово, дознава регионалниот сервис на Радио Слободна Европа од дипломатски извори.  

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел/Фото: Архива

Меѓу предложените мерки на кабинетот на Борел, како што пишува сервисот, е суспендирањето на испраќањето покани за настани на високо ниво и билатерални посети на Косово, освен оние чија цел е решавање на кризата за северот на земјата.  

Исто така, се предлага да се намали присуството на јавни настани поврзани со финансиската соработка на ЕУ, кои вклучуваат членови на косовската влада.  

Прекин на значителната финансиска помош на ЕУ кон Косово, е уште една од мерките што се опфатени со предлогот, почнувајќи од суспендирање на одобрувањето и спроведувањето на предлозите поднесени од Косово во последниот круг на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и суспензијата на дел од проектите меѓу ЕУ и Косово во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. 

Портпаролот на ЕУ Петер Стано вчера потврди дека кабинетот на шефот на европската дипломатија  споделил со земјите-членки на ЕУ „нацрт мерки што треба да се преземат доколку премиерот Курти не преземе соодветни и итни чекори за деескалација на ситуацијата и намалување на тензиите“.  

Дипломатски извори од повеќе земји членки на ЕУ за РСЕ потврдиле дека членките на Унијата не се обврзани да ги спроведат предложените мерки, но, дека од нив се очекува да ги почитуваат.  

Некои од дипломатските извори посочиле дека поединечни држави на ЕУ „веќе презеле свои мерки“ кои се слични на оние во пакетот предлози изготвен од кабинетот на Борел. 

 Европската Унија на 3 јуни побара од косовските власти да дејствуваат на неескалирачки начин и веднаш да ги прекинат полициските операции во близина на општинските згради на северот на Косово. Исто така, беше побарано новоизбраните градоначалници на четири општини на северот привремено да ги извршуваат своите должности во други простории, надвор од општинските згради, како и што поскоро распишување на нови локални избори.  

Нацртот на предлогот на Борел ја нагласува подготвеноста да продолжи ангажманот во оној момент кога владата на Косово ќе ги преземе неопходните чекорите што се очекуваат од неа во рамките на бриселскиот дијалог и во согласност со барањата наведени во соопштението од 3 јуни. 

 ЕУ предупреди и дека е подготвена да преземе мерки против оние политичари кои одбиваат да преземат мерки за смирување на ситуацијата. 

Европските и американските пратеници, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, овие барања му ги пренеле на шефот на косовската влада при минатонеделната посета на Приштина. 

Сепак, како што јави Радио Слободна Европа, од Курти не добиле гаранции дека ќе бидат исполнети сите барања. 

Косовскиот премиер Албин Курти вчера потврди дека на претставниците на Квинтата (САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија) им го пренел предлогот за намалување на тензиите на северот на Косово и дека истиот веќе го препратил до Борел. 

Планот од пет точки на Курти вклучува идентификување, гонење и судење на сите членови на криминални групи кои ги нападнаа полицајците, силите на НАТО и новинарите за време на тензиите на северот на Косово, повлекувањето на насилните групи од територијата на Косово и забраната за криминални дејствија против институциите на Косово. 

Коментирајќи ја содржината на писмото, портпаролот на ЕУ, Петер Стано, рече дека „досега не сме виделе никакви решителни и итни чекори на премиерот Курти неопходни за деескалација на ситуацијата“. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Модриќ: Донесов одлука околу иднината во репрезентацијата

Следно

Изложбата „ФеминаV.S.Фемининологија“- соработка помеѓу ДЛУМ и ХУЛУЛУК од Загреб

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop