Јужнокорејскиот суд ја отфрли жалбата на отповикуваниот претседател против налогот за приведување

January 5, 2025
1 min read

СЕУЛ (АА) – Судот во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, денес го отфрли приговорот на отповикуваниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол за извршување на налог за приведување, објави новинската агенција Јонхап, пренесува Анадолу.

Претходно, правниот тим на Јун рече дека ќе поднесе жалба против шефот на Бирото за истраги за корупција на високи функционери и полицајци за обид за извршување на налогот за приведување на Јун.

Во петокот, Канцеларијата за искоренување на корупцијата се обиде да го приведе Јун, но претседателските безбедносни сили ги спречија во тоа.

Налогот за приведување, издаден минатата недела, останува во сила до понеделник.

Јун беше сменет на 14 декември и моментално го чека судењето на Уставниот суд што ќе утврди дали трајно ќе биде сменет од функцијата или вратен на функцијата поради неговиот неуспешен обид на 3 декември да воведе воена состојба.

Јун е првиот актуелен претседател во историјата на Јужна Кореја кој се соочи со обвиненија за бунт и предавство, заедно со забрана за патување.

Ова е, исто така, прв пат да биде издаден налог за приведување на актуелен претседател во Јужна Кореја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

СДСМ: ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка, но сликите не лажат

Следно

Турци, иселеници од Приштина во Истанбул, три генерации „се чувари на времето“

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop