Јужнокорејскиот авион летал 13 пати за 48 часа пред падот

December 31, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Јужнокорејскиот авион што се урна во неделата, при што загинаа 179 лица, извршил 13 летови во рок од 48 часа пред трагедијата, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Авионот на „Џеџу ер“, „Боинг 737-800“, леташе на линиите меѓу Муан, островот Џеџу и Инчеон, западно од Сеул, пред фаталниот инцидент, објави сеулски „Јонхап њуз“.

Авионот најверојатно доживеал дефект на опремата за слетување при слетувањето на меѓународниот аеродром „Муан“, 288 километри југозападно од Сеул.

„Утврдено е дека патувал и до меѓународни дестинации, вклучувајќи ги Пекинг, Бангкок, Кота Кинабалу, Нагасаки и Тајпеј“, се вели во соопштението.

Авионот служел како чартер-лет за групни тури организирани главно од туристичка агенција со седиште во Гвангџу, која понудила петдневно патување во Бангкок за божиќната сезона.

Чартер-летовите, закажани врз основа на побарувачката, често се полни со патници од туристички агенции.

Регионалните аеродроми во Јужна Кореја во голема мера зависат од таквите операции, кои главно се управувани од нискобуџетни авиопревозници како „Џеџу ер“.

„Во случајот на регионалните аеродроми, има многу малку редовни летови, така што тие често се потпираат на чартер-операции. Бидејќи повеќето од авиокомпаниите кои работат на регионалните аеродроми се нискобуџетни превозници, повеќето од чартер-летовите се оперираат со овие авиони“, изјави претставник на туристичката индустрија за „Јонхап њуз“.

Според податоците на компанијата, просечното месечно време на лет по авион на „Џеџу ер“ во периодот јули-септември било 418 часа, што е најдолго меѓу шесте домашни нискобуџетни авиопревозници.

Неодамна со сличен проблем со опремата за слетување се соочи и друг авион „Боинг 737-800“ на „Џеџу ер“, кој полета од аеродромот „Гимпо“.

Авионот се вратил на аеродромот, а за проблемот биле информирани 161 патник. Иако по увидот било констатирано дека проблемот е решен, 21 патник решиле да не се качат во заменетиот авион поради безбедносни причини.

Во неделата наутро, авионот „Боинг 737-800“ на „Џеџу ер“ со 181 патник и членови на екипажот се запали при слетувањето на аеродромот „Муан“ по наводни проблеми со опремата за слетување.

Јужнокорејските власти потврдија 179 смртни случаи, со само двајца преживеани, откако авионот се урна на 288 километри југозападно од главниот град Сеул.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки

Следно

Саутгејт доби титула витез

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop