Јувентус повторно останува без бодови?

May 9, 2023
1 min read

На Јувентус му се заканува нова казна со одземање на бодови и извесно е дека „Бјанконерите“ сезоната ќе ја завршат со одреден бодовен минус, но тоа нема да биде казна од 15 бодови кои им беа одземени па вратени.

Тимот од Италија на 20 април ги доби назад одземаните бодови, поради скандалот кој ги тресеше извесен период поради наводни финансиски малверзации, но сега им се заканува нешто друго.

Според одредени информации, новата казна за Јувентус ќе биде минус 9 бодови, а раководството планира да упати барање тие бодови да не бидат одземени сезонава, туку идната да ја почнат со минус од тие 9 бодови.

Обвинителството во Италија се уште не го затворил овој случај со Јувентус, така да, казната веројатно ќе биде обновена, но овој пат со помалку бодови и тоа постои веројатност казната да им биде препишана за идната сезона.

На тој начин Јуве не би останал без пласманот во ЛШ кој им е главната цел сезонава.

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Две девојчиња од Струмичко се изгубиле во Скопје, последен пат се видени пред ТЦ „Веро Џамбо“

Следно

Русите лансирале 15 крстосувачки ракети кон Киев, украинските власти велат дека сите се соборени

Latest from Blog

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во

Вечер за паметење со Симон Трпчески во Охрид: „Сите си го сакаме бисерот на Македонија, сега полесно се стигнува“

Македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески синоќа приреди незаборавна музичка вечер во Античкиот театар во Охрид, каде пред публиката не само што ја презентираше својата музика, туку сподели и лични спомени
Go toTop