Јувентус под закана за одземање на уште 20 бода!

February 2, 2023
1 min read

Фудбалскиот клуб Јувентус се наоѓа во незавидна положба. Откако му беа одземени 15 бода од контото во Серија А, клубот од Торино се соочува со можност за нова драконска санкција.

Имено, според „Кориере дело Спорт“, Италијанскиот фудбалски сојуз би можел да го казни Јуве со одземање на уште 20 бодови поради нерегулирани плати. Сослушувањето за оваа тема е закажано за во март, додека конечната одлука се очекува во април или мај. Доколку се исполни ова црно сценарио, Јувентус би останал при дното на табелата и ќе биде сериозно загрозен опстанокот во лигата.

Покрај тоа, според најавите од Италија постои и незадоволство меѓу играчите. Имено, првите ѕвезди на тимот побарале состанок со претседателот Џон Елкан. Причината за таков потег е нестабилноста и нејаснотиите за иднината на Јувентус, па може многу лесно да се случи егзодус на најдобрите и повторување на црните денови од средината на првата деценија на овој милениум.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кисела Вода гради паркинг за стотина возила во населбата „11 Октомври Згради“

Следно

Ни Русија ни Кина не е непријателот

Latest from Blog

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и

Пикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон

Иако неговиот актуелен договор со Евертон е до 2027 година, сепак, Џордан Пикфорд искусниот голман уште долго време ќе биде дел од овој клуб. Евертон планира да му понуди нов договор, што

Путин: Не гледам поента во средба со Зеленски, со Украина е тешко да се постигне договор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека не гледа многу смисла во средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски, каде што би се разговарало за крајот на војната во Украина, објави „Киев
Go toTop