Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа дечињата од Детската клиника 

December 17, 2023
1 min read

реклама


Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа денеска дечињата од Детската клиника во Скопје во рамки на традиционалниот настан „Да подариме насмевки“. Пепелашка, Медо, Спајдермен, Бетмен, беа дел од јунаците што се дружеа со децата.

Директорката на Клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ информираше дека во моментот на Клиниката се наоѓаат околу 80 дечиња.

реклама

Во изјава за медумите, Нацева-Фуштиќ рече дека Црвениот крст не ги заборава децата, особено оние во болница, посочувајќи дека овој настан предизвикува насмевки кај нив.

Арѓенд Чиљафи, координатор на Тимот за одговор при катастрофи при Црвниот крст на град Скопје, посочи дека по шести пат го организираат овој настан со учество на Тимот за спасување на планина при Црвениот крст на Скопје, поддржани од „Анимација Бамбино”.

реклама

  • Настанот е од волонтерски карактер, рече Чиљафи, изразувајќи надеж дека ќе им се приклучат и други организации, со цел на што повеќе дечиња, да им се подарат насмевки.

Дечињата од Детската клиника во Скопје добија и новогодишни подароци од Дедо Мраз.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелскиот радикален министер Бен-Гвир вети поддршка за полицаецот кој го нападна фоторепортерот на Анадолу

Следно

Франција го осуди убиството на вработен во нивното МНР во израелски воздушен напад на Газа

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop