ЈУБИЛЕЈНИОТ 20. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ЌЕ ТРАЕ ОД 11 АПРИЛ ДО 7 МАЈ, НАГРАДАТА „МЕНАДА“ ЈА ДОБИ ДОАЈЕНОТ НА БАЛЕТОТ МАРИН ЦРВЕНОВ

April 5, 2024
2 mins read

Од 11 април до 7 мај ќе се одржува јубилејното 20. издание на Танц фест  Скопје 2024, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“, најави уметничката директорка Рисима Рисимкин.

Отворањето е со програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет (НОБ). Фестивалот ќе се отвори на 11 април со претставата „Госпоѓиците од Авињон“ во кореографија на Олга Панго, на музика на Калиопи Букле, на 16 април ќе се изведе современата претстава „Сага“ во кореографија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски и на 23 април, балетскиот триптих „Молитви на моето тело“, чиј креативен тим го сочинуваат костимографот Александар Ношпал и драматургот Соња Здравкова-Џепароска, а кореографиите се: „Раѓање“ на Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андоновска, „Преплетување“ на Адријана Данчевска, на музика на Александар Гроздановски и „Вознес“ на Саша Ефтимова, на музика на Александар Пејовски.

На 17 април во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се претстават повеќе современи кореографи, ќе има претстава со  кореографии на Каи Чун Чуанг и Марија Шуркал, во продукција на „Вертикалити танцова компанија“ на Роуз Брус од Линц, Австрија, како и кореографиите „Гризење“ на Тереза Лазарев и „Језгро“ на Бисера Димчевска со Наталија Трифуновиќ.

Јубилејната прослава на фестивалот е закажана на 30 април во Македонскиот народен театар (МНТ), со претстава на Скопје танцовиот театар и кореографии на Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска. Вечерта ќе се додели наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност на балетскиот уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет.

Марин Црвенов со Јагода Сланева. (Фото: НОБ)

„Марин Црвенов е еден од оние балетски уметници, кои оставија неизбришлив печат во развојот на македонскиот балет, но границите на неговото делување се пошироки, па така тој е познат како уметник и надвор од земјава, во регионот и Европа. Со извонредните линии како балетски уметник Црвенов на сцената донесува безбројни ликови и настапува во целиот репертоар на Националниот балет во периодот од 1961 до 1990 година, кога е член на Балетот при МНТ во Скопје, во почетокот како солист, а потоа и како долгогодишен првенец. Црвенов се истакнува со одлична техника, лиричност во играта, но знае да долови и драматичност, кога тоа ликот кој го толкува, го бара од него. Тој е одличен партнер и со своето огромно сценско искуство, придонесува за креирање на незаборавни дуети со повеќе генерации балерини, првенки на македонскиот балет“, стои во одлуката на Советот на Танц фест.

На 11 мај во МНТ ќе се прикажат две кореографии, „Блокови“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески.

Танц фест Скопје 2024 во склоп на јубилејната програма, од 13 до 17 мај ја вклучува програмата „Мувинг Балканс“, во која ќе уќествуваат уметници од 11 земји: Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Турција и  Македонија, со кореографи и професори од Холандија и Италија.

На 13 мај во МКЦ ќе се изведе претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар 2, во која ќе настапат студентите при Катедрата за современ танц и Балетска педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

„Овогодинешното издание ќе заврши со претставата ‘Мозаик’ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните Олимписки игри во Париз, Мурад Мерзуки, кој нашата публика го памти по претставата ‘Пиксел’. Фестивалот, гостувањето на Мурад Мерзуки го остварува преку соработка со Францускиот институт во Скопје“, вели Рисимкин.

Б. НЕСТОРОСКА

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИ бирала кои луѓе Израел да ги бомбардира во Газа

Следно

Реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ ќе чини неверојатни 1,8 милијарди евра

Latest from Blog

Барселона со голем гест по тешката повреда на Кристенсен

Барселона презема практични чекори за да го поддржи Андреас Кристенсен, на кого му е дијагностицирано делумно кинење на вкрстените лигаменти, бидејќи раководството на клубот работи на продолжување на неговиот договор. Се очекува

Полска пресретнала руски авион над Балтикот, воздушниот простор бил нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион кој летал во близина на нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и соопшти дека десетици објекти пристигнале од Белорусија преку ноќ. „Утрово, над

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

За пет хороскопски знаци, 2026 година ќе биде период кога универзумот неуморно ќе работи во нивна корист. Парите ќе се размножуваат преку мали навики што едвај ги забележувате, а позитивниот став ќе

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Државните институции можат да бидат ефикасни и во служба на граѓаните кога се водат со одговорност и професионализам. Царинската управа на Република Северна Македонија бележи конкретни и мерливи резултати, со над 100
Go toTop