Јовески: Обвинителите и судиите се должни да го применуваат законот, иако не се согласуваат со некои закони

November 8, 2023
1 min read

реклама


Јавниот обвинител Љубомир Јовески во врска со застарувањето на дел од делата согласно последните измени на Кривичниот законик вели дека онаму каде што ќе се утврди дека настапиле елементи на застарување на кривичното гонење, Обвинителството и судовите ќе донесат соодветни одлуки.

На новинарско прашање, Јовески денеска истакна дека обвинителите и судиите се должни да го применуваат законот, иако постојат закони со кои тие не го делат мислењето.

реклама

-Едно е моето чувство, друго е примената на Законот. И обвинителите и судиите должни се да го применат законот. Во конкретниов случај, онаму каде што ќе се утврди дека настапиле елементи на застарување на кривичното гонење, Обвинителството и судовите ќе донесат соодветни одлуки. Секој обвинител и судија има многу закони во кој тој не го дели мислењето или ставот на Законот, но едноставно мора да го почитува. Така и во конкретниот случај, без разлика ние како обвинители што лично сметаме и мислиме во делот на одредени конкретни законски решенија должни сме да ги почитуваме овие законски решенија и одлуките да ги носиме согласно нив, рече Јовески, по денешната седница на Советот на јавни обвинители.

Собранието се уште нема распишано оглас за нов јавен обвинител, иако мандатот на Јовески истекува. Тој вели ја известил Владата за истекувањето на неговиот мандат.

реклама

-Согласно Законот за ЈО, јас ја известив Владата за истекување на мојот мандат. Натаму постапката мора да ви кажам дека не ми е позната до каде е во делот на изборот на нов јавен обвинител, но доколку до 25 декември не се избере нов јавен обвинител, Законот ја предвидел таквата можност, Советот на јавните обвинители, ќе именува вршител на должноста и јавен обвинител, од редот на јавните обвинители во ЈО на РСМ, рече Јовески, по завршувањето на денешната седница на Советот на јавни обвинители.  

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Најмалку 18 Палестинци загинаа во напад на израелските авиони на куќа во Централна Газа

Следно

Американскиот државен секретар Блинкен: Газа треба да биде управувана од страна на Палестинците

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop