ЈО: Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

July 20, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Врз основа на судска наредба обезбедена од јавниот обвинител, полициски службеници вчера извршија претрес во домот на осомничениот 23-годишник во Скопје. При претресот беше пронајден еден полуавтоматски пиштол и вкупно 51 куршум со калибар 9ммPara, како и рамки и други додатоци за оружјето кое го поседувал без дозвола.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје утрово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото доколку се брани од слобода.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Словенечкиот парламент гласаше за легализирање на потпомогнато самоубиство

Следно

Илјадници луѓе демонстрираа во Израел за ослободување на заложниците

Latest from Blog

Тоневски најави нова ера на стабилност во Советот на Пробиштип

Во Советот на Општина Пробиштип е официјализирано новото мнозинство составено од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и од Движењето ЗНАМ, со што е поставена основата за стабилно и одговорно функционирање на локалната

Фото: Во Белград уништен мурал на Ѓоковиќ

 Делото на уметникот и активист Андреј Јосифовски, познат како Пијанистот, беше инспирирани од познатото „пумпање“ на Новак за време на овогодинешниот Вимблдон. На муралот што го прикажува Ѓоковиќ во момент на карактеристична

Лига Шампиони: Спектакл во Лондон, шампионот на гости кај Леверкузен, Наполи и Елмас на мегдан со ПСВ

ФОТО: UEFA.COM/X Вечерва се играат девет меча од 3.коло во Лигата на Шампионите. Тоа значи дека најквалитетниот европски клупски фудбал повторно е на сцената. Секако дека дербито на денот се игра на
Go toTop