ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

September 13, 2025
1 min read

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат политичката мафија или правдата во државата? 5 години службите на АНБ и АР биле под целосна партиска контрола на СДС и ДУИ  каде институциите биле злоупотребувани а човековите права целосно нарушени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и ДУИ ги злоупотребувале институциите и нанеле директен удар врз демократијата и основите на правната држава. СДС пет години ги рушела темелите на системот и правната држава заради теснопартиски интереси со цел што подолго да се задржат на власт. За таа цел се конструирале белешки од АНБ. ЈО и Љупчо Коцевски да престанат да бидат сервис на партиската врхушка на СДС и ДУИ. ЈО и Љупчо Коцевски да се одважат и да започнат да работат во интерес на правото и правдата во државата, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Љупчо Коцевски лично и директно сноси одговорност за мизерната доверба на граѓаните во правосудството која е под 2 проценти.

-Молкот на Коцевски е соучество и организирано прикривање на незаконското следење. ЈО да открие кој стои зад незаконското следење на претседателот Мицкоски и кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки, се наведува во соопштението.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Халанд: Нема да сфатам што сум постигнал до крајот на кариерата

Следно

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop