Јавно обвинителство: Негувателка под истрага за запуштање и малтретирање на дете

February 9, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе истрага против негувателка во градинка во Радишани за која има сомнение дека во период од 2022 – 2023 година во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство кон тригодишно дете, на кое му се обраќала со погрдни зборови, го влечела и тегнела за коса, па тоа претрпело силен страв и стрес, што резултирало со губење говор и страв од одење во градинка.

– Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишна негувателка во детска градинка за која постои основано сомнение дека сторила продолжено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство спрема оштетено тригодишно дете кое ја посетувало јаслената група во градинката. На детето му се обраќала со погрдни зборови, го влечела и тегнела за коса, па тоа претрпело силен страв и стрес, што резултирало со губење на говор и страв од одење во градинка, информираат денеска од Републичкото јавно обвинителство.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан: Светскиот молк претставува „соучесништво во геноцидот“ во Газа

Следно

Вонредна седница на Советот за безбедност за ситуациајта во Косово

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop