Јавниот обвинител Коцевски возврати на интерпелацијата на Левица: „Политички напад, а не правна аргументација“

July 25, 2025
1 min read

Љупчо Коцевски, државниот јавен обвинител, остро ја отфрли интерпелацијата што ја поднесоа шесттемина пратеници на Левица, оценувајќи дека зад документот нема фактичка основа, туку политички мотив. „Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со почитување на транспарентност и отчетност“, рече тој, наведувајќи дека атакот врз Обвинителството уште еднаш ја поткопува довербата во правосудството.

Коцевски по точките на интерпелацијата:

– Трагедијата во Кочани: постапката се води исклучиво по докази, без оглед на партиска или етничка припадност. Обвинети се сопствениците на дискотеката, обезбедувањето, како и службени лица од неколку институции, вклучително и МВР. „Нема ‘чопоративно’ гонење – секој одговара за својот дел во трагедијата.“

– Обвинувања за влијание од премиерот Христијан Мицкоски: Коцевски тврди дека никаков договор за селективност не постоел и дека иницијативата за негово разрешување била неоснована – што, вели, го потврдил и Советот на јавни обвинители.

– „Функционален хаос“ во Вишото јавно обвинителство Скопје: дисциплински се гонат шефот и уште еден обвинител поради повлекување жалби и нарушени односи. „Не молчам за непрофесионалност, туку барам одговорност,“ порача Коцевски.

– Непостапување за дивоградби: оформени се предмети и по пријави и „допрен глас“ – меѓу нив и двата случаи што ги поднесе градоначалничката на Скопје. „Постапуваме каде и да е пријавено бесправно градење; злоупотребата на терминот ‘допрен глас’ не смее да биде параван за туѓо нечинење.“

Обвинителот најави дека писмено ќе ги испрати деталните одговори до Собранието и дека ќе продолжи, како што рече, „да гони засновано на закон, а не на партиски директиви“.


ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Нема веќе чување место, туристи останаа без пешкири и лични лежалки на Халкидики

Следно

ПРЕД ПРЕМИЕРАТА ВО ВЕНЕЦИЈА, „МАЈКА“ НА ТЕОНА МИТЕВСКА ПРОДАДЕН ЗА КИНОДИСТРИБУЦИЈА ВО 15 ЗЕМЈИ ОД 3 ДЕКЕМВРИ

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop