Јаулевски : Изборот на обвинител е тест за враќање на довербата во правосудството

March 18, 2026
1 min read

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски, денеска во Собранието порача дека изборот на нов државен јавен обвинител претставува клучен момент за иднината на правосудниот систем во Македонија.

Во своето обраќање, Јаулевски нагласи дека ова е тест дали институциите конечно ќе се ослободат од политички влијанија и ќе ја вратат довербата кај граѓаните. Тој оцени дека Јавното обвинителство со години не ја исполнувало својата улога, додавајќи дека наместо симбол на правичност, често било перципирано како инструмент за селективна правда и политички притисоци.

Јаулевски упати остри критики кон претходните власти, посочувајќи дека, како што рече, одредени структури во СДСМ и ДУИ придонеле за нарушување на интегритетот на обвинителството преку политички влијанија и злоупотреби.

 

Тој нагласи дека граѓаните очекуваат конкретни резултати, а не декларативни заложби, и дека довербата може да се врати само преку доследно почитување на законите и еднаков третман за сите.

Посебен осврт направи и на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), кое според него наместо да донесе правда, се претворило во „срамно разочарување“ и симбол на изневерена доверба.

Јаулевски истакна дека институциите имаат должност да се справат со последиците од работата на СЈО. Тој објасни дека тоа е важен чекор за да се покаже границата меѓу правото и злоупотребата на правото, дури и кога злоупотребата ја прави сам обвинител. Според него, целта е да се затвори едно лошо поглавје не со молчење, туку со ефикасно делување на институциите.

Во обраќањето до кандидатот за нов обвинител, Ненад Савески, Јаулевски истакна дека пред него стои сериозна обврска да го врати интегритетот на институцијата и да покаже дека обвинителството ќе постапува исклучиво по закон и докази.
„Ова не е расправа за биографија, процедура и број на гласови. Ова е расправа за довербата во обвинителството како една од главните институции за владеењето на правото. Ова е можеби последната шанса системот да излезе од кризата во која се наоѓа со години. Ова треба да биде почеток на обнова, а не продолжување на старите практики“, порача Јаулевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Binance го проширува 24/7 моделот на тргување и кон традиционалните финансиски пазари

Следно

Коњановски: Силна соработка меѓу општините за подобри комунални услуги

Latest from Blog

Градоначалникот Проданоски се приклучи на крводарителската акција во Прилеп

Во просториите на Општина Прилеп се одржа крводарителска акција организирана во соработка со Општинската организација на Црвениот крст – Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина. На акцијата учествуваа над шеесетина граѓани кои

Коњановски: Силна соработка меѓу општините за подобри комунални услуги

Во Охрид се одржа настанот „Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“, организиран од Здружението на даватели на комунални услуги, кој ги собра претставниците на институциите, јавните комунални претпријатија, локалната самоуправа

Binance го проширува 24/7 моделот на тргување и кон традиционалните финансиски пазари

Binance го проширува моделот на континуирано, непрекинато тргување — модел што е карактеристичен за крипто-пазарите — и во светот на традиционалните финансии, овозможувајќи им на корисниците да тргуваат со перпетуални договори поврзани

Израел тврди дека го убил иранскиот министер за разузнавање

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб, е убиен во израелски воздушен напад во Техеран во текот на ноќта, додавајќи дека денеска се очекуваат „значајни
Go toTop