ЈАР го тужи Израел: „Тие се виновни за геноцид“

December 29, 2023
1 min read

Од Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг, Холандија, се бара да донесе времена мерка со која ќе му се наложи на Израел да ги запре своите воени операции во Газа

Јужноафриканската Република денеска поднесе тужба против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, највисокото правосудно тело на Обединетите нации, за, како што се наведува, геноцид врз Палестинците во Газа и побара од институцијата да ѝ нареди на еврејската држава да престане со нападите.

Во поднесокот на Јужна Африка се тврди дека „израелските дејства по својата природа се геноцидни“, имајќи предвид дека тие биле преземени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска национална, расна и етничка група“.

Од Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг, Холандија, се бара да донесе времена мерка со која ќе му се наложи на Израел да ги запре своите воени операции во Газа.

Јужна Африка може да ја иницира оваа постапка врз основа на Конвенцијата за геноцид, бидејќи и Израел и Јужна Африка се потписници на таа конвенција.

Тужбата е последниот потег на Јужна Африка, која е многу критична за војната на Израел во Газа. Минатиот месец, пратениците на ЈАР гласаа за затворање на израелската амбасада во Преторија и за суспендирање на сите дипломатски односи додека не се договори прекин на огнот во израелската војна против исламистичката група Хамас во Газа.

Израел го отфрли поднесувањето на случајот за геноцид од Јужна Африка пред Меѓународниот суд на правдата како бесмислена клевета без правна основа и рече дека го почитува меѓународното право во војната против Хамас во Газа.

„Јужноафриканската Република соработува со терористичка група која повикува на уништување на Израел. Населението во Газа не е непријател на Израел, а Израел се обидува да не им наштети на цивилите“,

се вели во соопштението.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски краток филм кој вреди да се погледне: Скопје 2020

Следно

Борел: Неопходен е итен прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop