Јапонија погодена од низа силни земјотреси, предупредување за цунами

January 1, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Три последователни силни земјотреси со јачина од 5,7, 6,1 и 7,6 степени ја погодија Јапонија, предизвикувајќи предупредување за цунами, пренесува Анадолу.

„Во околу 16:18 часот (по локално време) се случи земјотрес. Епицентарот беше во Ното во префектурата Ишикава, а забележан е максимален сеизмички интензитет од над 5 степени. Не приближувајте се до опасните области каде што потресот беше јак“, соопшти Јапонската метеоролошка агенција на социјалната платформа X.

„Во моментов е објавено големо предупредување за цунами во Ното, префектурата Ишикава“, нагласи метеоролошката агенција.

Предупредувања за цунами беа издадени и за префектурите Ниигата, Тојама, Јамагата, Фукуи и Хјого долж брегот на Јапонското Море, соопшти јапонската телевизија „NHK World“.

Според соопштеното, сите жители во близина на крајбрежната линија се замолени веднаш да го напуштат подрачјето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Истанбул на првиот ден од новата година масовен собир за поддршка на Палестина

Следно

Прво па машко за 2024 година, првото бебе се роди на ГАК

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop