Јапонија ќе испрати хуманитарна помош од 60 милиони долари за Мјанмар

March 2, 2023
1 min read

ТОКИО (АА) – Јапонија ќе испрати хуманитарна помош во вредност од 60 милиони долари во Мјанмар, каде по воениот удар продолжува недостигот на храна и производи за секојдневна употреба, известува Анадолу.

Хуманитарната криза во оваа земја се влоши уште повеќе откако во февруари за уште 6 месеци е продолжена вонредната состојба, која е во сила во Мјанмар откако војската пред две години ја презеде власта во земјата.

Според веста што ја објави јапонската државна телевизија NHK, владата во Токио изјавила дека народот на Мјанмар сè уште има итна потреба од хуманитарна помош.

Во веста се наведува дека Јапонија одлучила во Мјанмар да испрати хуманитарна помош во вредност од 60 милиони долари, која опфаќа храна, лекови, инфраструктура и здравје.

Јапонскиот министер за надворешни работи Хајаши Јошимаса изјави дека неговата земја ќе продолжи да им помага на луѓето во Мјанмар, каде што хуманитарната криза се интензивира.

– Воен удар во Мјанмар

Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година, а како причина за држаниот удар беше наведена измамата на општите избори во земјата одржани на 8 ноември 2020 година. Пучистите ги притворија претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, како и останатите водечки членови на Национална лига за демократија (НЛД), владејачката партија во земјата и прогласија вонредна состојба.

Според податоците на Организацијата за помош на политичките затвореници, од пучот досега во Мјанмар животот го загубиле 2.901 лице, од кои 282 деца.

Воената власт досега приведе 17.525 лица, а во затвор сѐ уште се наоѓаат 13.719 приведени. Воените судови на смрт осудија 143 политички затвореници.

Според експертите на Обединетите нации, од пучот досега, со земја се срамнети најмалку 38.000 домови, што предизвика раселување на 1,1 милион луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Уапсени 218 лица во врска со урнатите згради во земјотресот

Следно

На локација на која беа предвидени згради, почнува изградбата на нов парк во Аеродром

Latest from Blog

Пожар во рафинеријата во австралискиот град Џилонг

Веднаш по дојавата за пламен и експлозии во рафинеријата во 23:15 часот, интервенирале бројни екипи на противпожарната служба на сојузната држава Викторија кои го локализирале пожарот. Според последните информации, пожарот се уште

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од 17 до 19 април на тема

Песков: Русија е подготвена да го разгледа предлогот за складирање на ирански ураниум

„Русија изрази подготвеност да го складира збогатениот ураниум на Иран. Тоа беше добра одлука, но американската страна ја отфрли (…). Претседателот Путин изрази подготвеност да се врати на овој предлог доколку на
Go toTop