Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат увид во образовниот напредок на нивните деца

February 11, 2025
1 min read

Увид во распоредот и содржината на часовите на учениците, во редовноста на настава–оправдани и неоправдани изостаноци, зададените домашни задачи, добиените оценки и издадените свидетелства, преку мобилна апликација родителите ќе можат во секој момент да го следат образовниот напредок на нивните деца, информираше денес на прес, министерката Јаневска.

Министерката посочи дека сите податоци кои се внесуваат во електронскиот дневник, се архивираат и корисникот на апликацијата има увид во податоци од тековната, но и од било која учебна година наназад. Што се однесува пак за употребата на мобилен додека трае наставата, Јаневска кажа дека наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони за време на часот, додека за целосна забрана одлучуваат општините.

Засега единствено општините Аеродром и Центар донесоа препораки да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, со цел подобрување на образовниот процес. Инаку, на денешната прес конференција Јаневска повторно повика вработените во училиштата да ги користат исклучиво службените мејлови, а со цел поголема заштита од хибридни закани, какви што имаше минатиот петок. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Глобалниот имиџ на Туркије во подем, покажува анкета

Следно

Рама: Велиај останува градоначалник на Тирана, неговото апсење е кршење на демократските стандарди

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop