Јанев: Со партнерство меѓу полицијата и граѓаните до побезбедни и поотпорни заедници

December 2, 2025
1 min read

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска се обрати на отворањето на дводневната обука за високо раководно ниво во делот на Полициско работење во заедницата, попознато како Community policing, реализирана во рамки на проектот „Шведска поддршка за полициските реформи во Северна Македонија“.

-Во моето обраќање потенцирав дека полициското работење во заедницата е стил на полициско работење кој се заснова на доверба помеѓу граѓаните и полицијата, превенција на асоцијални и криминални поведенија, како и заедничко идентификување на проблемите и изнаоѓање решенија за нивно решавање. Убеден сум дека само преку градење партнерства и активно вклучување на граѓаните можеме да создадеме побезбедни, посилни и поотпорни заедници, вели Јанев.

Тој додава дека обуката ќе биде од корист затоа што од круцијално значење е да се создаде и одржи силна врска помеѓу полицијата и заедницата, бидејќи само така може да се постигне траен напредок во безбедноста и правдата во општеството.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Лав XIV ги повикува различните заедници во Либан на обединување за да ја надминат кризата

Следно

Поддршка, дружба и инклузија: Тоневски на Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Latest from Blog

Венс добил шокантни информации

Сликата што ја доби се разликува од официјалната верзија што ја промовираше Доналд Трамп. Како што откри „Њујорк тајмс“, Венс добил катастрофални информации од командантите за ситуацијата во американската војска, во контекст

Божиновска на средба со Ацевски: Секоја забелешка мора да значи конкретна мерка

Божиновска: Ревизорските препораки мора да станат конкретни мерки со рокови и одговорност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која

Хуан Мата ја заврши кариерата

Шпанскиот фудбалски суперстар, Хуан Мата реши да стави крај на неговата богата кариера. Последно тој настапуваше во далечната Австралија, во тимот на Мелнурн Сити, а секако зенитот го имаше во тимот на
Go toTop