Јане Теохаревски гостин на Градот на европската култура за 2023 година – Темишвар

June 4, 2023
1 min read

Историчарот на уметност, куратор и новинар од Скопје, Jане Теохаревски, гостуваше во програмата на Градот на европската култура за 2023 година – Темишвар, со неговиот проект „Без омраза и без граници“.

Како што информираат од Амбасадата на Македонија во Романија, станува збор за мошне оригинален проект, еден вид акционизам, којшто минатата недела, односно последната недела од мај, беше изведен во форма на улична поезија и базиран врз стиховите на романскиот поет Александру Мачедонски, татко на романскиот симболизам.

-Теохаревски ги интерпретираше стиховите од неговите песни `Омраза` и `Рондел за мене` на повеќе европски јазици и ефектно ја постигна целта на неговиот проект, апсурдноста и ништожноста на омразата. Со овој успешен проект, Јане Теохаревски одлично се вклопи во слоганот на ТМ2023, ‘Осветли го градот преку тебе’, наведуваат од нашата Амбасада во Романија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познат српски новинар приведен поради „обесената“ кукла со ликот на Вучиќ

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Стотици илјади Полјаци ги преплавија улиците на Варшава на протестот против власта  

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop