Јаќимовиќ во Аргумент плус: Додик не избега во Русија, таму е на покана на Путин

April 28, 2025
1 min read

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, Драган Јаќимовиќ во Аргумент плус рече дека Милорад Додик не избегал во Русија туку таму е на покана на рускиот пчретседател Владимир Путин.

Според него, проблемот настанал кога високиот претставник од Германија пристигнал во Босна и Херцеговина.

„Милорад Додик замина во Руската Федерација пред се на покана на рускиот претседател каде што имаше состанок, не побегна. Мислам дека во последните 10 – 15 год ова е 15-ти или 16-ти пат како се среќаваат двајцата лидери што покажува дека само Лукашенко имал повеќе средби. Одлични  се односите меѓу Република Српска и Русија“, рече Јаќимовиќ.

Тој зборуваше и за посетата на високиот претставник од Германија во Босна и Херцеговина.

„Што е причината за проблемот за моментална ситуација во Босна и Херцеговина. Моменталната всушност таа почетна причина е т.н високиот претставник кој ни доаѓа од Германија. Јас сакам така да го наречам каде и да гостувам. Тоа за мене е еден добар турист кој има плата од 27 000 евра. Која е заддачата на виоскиот преставник? Да го имплементира пред се мирот во Босна и Херцеговина. Да се придружуваме до Дјетон. Високиот претставник малку се заигра. Мислам дека тоа што го прави не е добро за граѓаните. Тензиите се политички, имате политики кои се креираат во Бања Лука и во Сараево. Најважно за граѓаните е да имаат мир стабилност и сигурност. Неприфатливо е странец да управува со државата“, додаде Јаќимовиќ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кирил Лазаров објави список со 35 ракометари (ФОТО)

Следно

Кривични против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop