Јаглеродните кредити се обично ѓубре

October 1, 2023
1 min read

Огромното мнозинство од еколошките проекти кои најчесто се користат за да се компемзираат емисиите на стакленички гасови имаат фундаментални пропусти што сугерира дека на нив не може да се потпре за намалување на емисиите кои ја загревање на планетите, покажува анализата на „Корпорaтивна одговорност“ и Гардијан.

Станува збор за глобална индустрија за доброволно тргување со тн. јаглеродни кредити која е вредна повеќе милијарди долари, а беше прифатена од влади, организации и корпорации, вклучително нафтени и гасни компании, авиокомпании, брендови за брза храна, модни куќи, технолошки фирми, уметнички галерии и универзитети како начин да се покаже дека нешто прават за намалување на нивниот јаглероден отпечаток. 

Функционира така што еден тон испуштен јаглерод диоксид, со кредитите може да се компензира во еколошки проекти за кои се тврди дека ги намалуваат емисиите на јаглерод.

Сè повеќе докази има дека многу од овие офсет шеми ги преувеличуваат климатските придобивки а ги потценуваат потенцијалните штети.

Биле анализирани Топ- 50-те проекти од овој жанр, оние кои продале најмногу јаглеродни кредити на глобалниот пазар.

  • 39 (78%) биле оценети како безвредни или „џанк проекти“ 
  • Осум (16%) изгледале проблематично, со докази дека имаат барем еден суштински дефект
  • Ефикасноста на преостанатите три проекти (6%) не можела дефинитивно да се утврди бидејќи немало доволно јавни и независни информации за проценка на квалитетот на кредитите.

Преку проектите оцените како ѓубре, досега се тргувани 1,16 милијарди долари јаглеродни кредити.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи со осуда за терористичкиот напад во Анкара

Следно

Mицкоски: Ако се обидат да го донесат Законот за амнестија со европско знаменце, пратениците ќе го напуштат Парламентот

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop