Јадела по 3 јајца секој ден и еве што ѝ се случи по само 7 дена

November 13, 2025
1 min read

Доколку јајцата се подготвуваат на правилен начин, од нив може да се извлече максимум. Сепак, иако се здрави, не треба да се претерува со нивната консумација.

Имајќи ги предвид сите здравствени придобивки, новинарката Џејми Стејтис од сајтот „The Healthy“ одлучила една недела да јаде јајца секој ден. Еве што открила.

„За мојот експеримент, јадев повеќе од две јајца дневно — понекогаш и три. Секогаш се трудев да имам тврдо варени јајца при рака. Тие се совршена ужина богата со протеини пред тренинг или брз оброк во текот на денот. Решив да продолжам да правам омлети, фритати и кишеви. Тоа се едноставни, но здрави начини да се искористат остатоци од зеленчук, месо или сирење“, пишува таа.

Освен нивната хранливост, дел од привлечноста на јајцата е тоа што се лесни за подготовка и одлични за комбинирање со најразлични вкусови. Првиот ден Стејтис направила фритата со остатоци од лосос, која ја послужила врз рукола прелиена со лимон и маслиново масло, а на крај додала и сирење фета.

Како течел експериментот

Следниот ден бил напорен и таа брзала да се спакува за пат. Затоа купила мал киш од локална пекара. Половина го изела со салата за ручек, а другата половина за појадок пред да замине на патување.

На свое големо изненадување, Стејтис забележала дека редовната консумација на оброци кои содржат јајца и здрави масти ѝ помогнала да прави подобри нутритивни избори во текот на денот.

На пример, наместо да земе слатки мафини од хотелското бифе — кои ѝ нуделе мала хранлива вредност — одбрала да јаде две тврдо варени јајца. Како што објаснува, мафините веројатно би ја оставиле гладна по неколку часа, додека јајцата ја држеле сита до ужината во авионот.

Според блогот на Универзитетот „Харвард“, старите здравствени препораки советувале да не се јадат повеќе од едно до две јајца неделно. Едно јајце содржи околу 200 мг холестерол, а препорачаната дневна граница е 300 мг. Но ова се променило. Денес „Harvard Health“ наведува: „Просечната здрава личност веројатно нема да има никаков проблем ако јаде до седум јајца неделно.“

Регистрираната диететичарка Бланка Гарсија предупредува: иако јајцата се „многу хранливи … тоа не значи дека треба да се прејадувате со нив“.

„Една неочекувана (и многу интересна) промена што ја забележав за време на оваа недела беше тоа што секој ден правев подобри избори на храна. На пример, наместо да посегнам по благ мафин од хотелското бифе за појадок, кој има мала нутритивна вредност, одбрав две тврдо варени јајца. Од мафинот ќе огладнев за кратко. Јајцата ме држеа сита до ужината“, заклучува новинарката.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Преку Смарт проект фармацевтите се едуцираат за примена на нови квалитетни услуги во аптеките според светските протоколи

Следно

Телата на сите жртви беа пронајдени на местото на падот на турскиот авион во Грузија

Latest from Blog

Зошто патничките авиони се бели?

Секоја авиокомпанија има свој уникатен дизајн, но повеќето авиони се бели. Всушност, постојат повеќе причини за оваа практика. Бојата на авионот, на пример му додава меѓу 272 и 544 килограми на вкупната

Коњановски ги демантира тврдењата на опозицијата: Нема мигранти во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска од советничката говорница го осуди обидот на опозицијата за лажна кампања поврзана со наводно прифаќање мигранти на територијата на Општина Битола. „Како градоначалник ја осудувам манипулацијата

Бојкоски: Одлуките ги носиме во интерес на Битолчани, не за политички поени

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, реагираше по денешната седница на Советот, обвинувајќи ги опозициските советници за обид за политичка манипулација преку, како што рече, незаконски предложени точки на дневниот
Go toTop