Ја запалил куќата, па скокнал во базен во кој загинал – пожар однесе човечки живот

February 7, 2024
1 min read

Трагедија се случи денеска во источниот дел на државата откако голем пожар однесе човечки живот, но предизвика и голема материјална штета.

Регионалниот ЦУК Штип извести дека има една човечка жртва при пожар на куќа во село Косевица, во месноста Реката.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица денеска, во периодот од 7.20 до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во село Косевица, во месноста Реката. Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема, велат од ЦУК.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата, што била во негова сопственост.

– Според првичните информации од терен, по палењето на куќата, жртвата и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во кој и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментно на самото место се врши увид од страна на надлежни органи и институции, додаваат од ЦУК.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внатрепартиска трка, Таравари утре ќе одржи централно собрание во Куманово

Следно

Пелистер ја распродаде салата: Вардар го чека пекол во Битола!

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop