Извршени 696 контроли согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања во декември 2024 година 

January 13, 2025
1 min read

Управата за јавни приходи, ја информира јавноста дека во тек на месец декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања спроведе контроли кај  696 објекти.

Од вкупно извршените контроли кај 512 даночни обврзници не се утврдени неправилности а кај 140 даночни обврзници се утврдени неправилности за кои се изречени соодветни поднесоци :

  • Изречени се 80 глоби за сторен прекршок неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра;
  • 29 глоби за неводење книга за дневни финансиски извештаи;
  • 16 глоби за незакупени и нерегистрирани резервни фискални апарати;
  • 8 глоби за прекршок за некоористење на одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања;
  • 1 глоба за неиздавање парагон – блок за извршениот промет на добра, односно на услуга;
  • 2 глоби за тоа што не прикажувале промет од македонски производи;
  • 2 глоби за неистакнување на видно место соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка;
  • 2 глоби за тоа што не ги чувале и одржувале фискалните апарати во исправна состојба.

Воедно,  УЈП ја информира јавноста дека кај 13 физички лица констатирано е вршење на нерегистрирана дејност и за нив се преземени понатамошни постапки. При контролите  31 деловен објект бил затворен/или објектите не биле најдени на наведената адреса/не вршеле дејност во моментот на вршење на контролата.

Апелираме до сите даночни обврзници да ја почитуваат и да работат во согласност со законската регулатива.  Даночната усогласеност не е само законска обврска, туку и основа за создавање на фер и праведен деловен амбиент кој ги поттикнува растот и развојот на економијата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цените на храната во светот паѓаат, во Македонија растат

Следно

Забрана за движење на камиони на планинскиот превој Плетвар, еве на кои места има активни забрани

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop