Извештај на ЕК: Намален број на ученици, слаби ПИСА-резултати, недонесени закони

November 2, 2024
2 mins read

Трошоците за образование и обука минатата година биле благо намалени на 3,17 отсто од БДП во 2024 година (за разлика од 3,58 отсто во 2022 година), што е сè уште далеку под просекот на Европската Унија кој е 4,7 отсто. Буџетот за образование се намали како дел од вкупниот државен буџет во 2024 година (9,15 отсто) во споредба со 2023 година (11,7 отсто), се наведува во Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава во областа на образованието.

Во извештајот е нотирано намалување на бројот на ученици – во основните за 0,83 проценти и во средните за 2,52 отсто на почетокот на учебната 2022/2023 година во однос на претходната учебна година. Во 2022/2023 година имало 185 099 ученици (од кои 89 676 женски) во основните училишта и 69 227 (од кои 33 825 женски) во средните училишта.

Во минатата година е зголемен за четири отсто уписот на деца од три до шест години во предучилишните установи, а капацитетот на јавните и приватните градинки во извештајниот период се зголемил за 1072 места. Но, сегашната стапка од 46 отсто, се наведува во Извештајот, сè уште е значително пониска во споредба со целта на ЕУ поставена на 96 отсто.

ЕК во извештајот ги наведува слабите резултати од ПИСА-тестирањето на македонските 15-годишни ученици, спроведено од 2022 година, а кои беа објавени во ноември 2023.

– Има назадување во резултатите од учењето на учениците во читањето, математиката и природните науки во земјата, како и намалување во споредба со 2018 година. Во сите три тестови учениците во Северна Македонија постигнаа помалку резултати од просекот на ОЕЦД. Резултатите покажуваат висок процент на ученици на 15 години кои не успеваат да покажат основно владеење (ниво 2) во читање (73,6%), математика (66,2%) и природни науки (65,3%), стои во Извештајот.

За ефикасност на образовниот систем е нагласена потребата од подобрување на училишните капацитети со оптимизација и реструктурирање на училишната мрежа, при што е наведено дека допрва треба да се одобри нов модел на финансирање за основното образование, развиен од Министерството за образование и наука (МОН), чија цел е поефективна прераспределба на средствата низ општините.

ЕК и оваа година укажува дека не се донесени новите закони за средно, средно стручно образование и обука и законот за образование на возрасни.

– Стратегијата за образование 2018-2025 е главниот документ со кој се уредува образовниот сектор, но нејзините механизми за следење и понатаму не се добро дефинирани. Целите и индикаторите треба да се подобрат за да се овозможи соодветна евалуација на спроведувањето на реформите, укажува Европската комисија.

Нотирана е соработката на компаниите, средните стручни училишта, стопанските комори и Министерството за образование и наука за поддршка на практикантството на учениците во приватни компании што резултирало со 568 дуални паралелки и 8242 запишани ученици во учебната 2023/2024 година.

ЕК го бележи и воведувањето на ЕМИС-системот – информациски систем за управување со образованието (Education Management Information System) како еден од чекорите што државава ги презела за дигитална трансформација на образовниот систем, како и опремување на училиштата и ставање во употреба дигитални учебници во основното образование.

– Властите треба дополнително да овозможат развој на дигитални вештини во текот на основното и средното образование, како и зголемување на капацитетите на образовните институции и компетенциите на наставниците да ги развијат овие вештини во согласност со Акцискиот план на ЕУ за дигитално образование 2021-2027 година. Развојот на наставната програма за средното образование вклучително и зелените вештини дополнително беше одложено, бидејќи Законот за средно образование сè уште не е донесен, наведува ЕК.

Во високото образование останува низок бројот на запишани студенти – во учебната 2022/2023 година биле запишани 69 227 (од кои 33 825 женски).

-Главниот предизвик останува подобрувањето на квалитетот на високото образование преку развој на процесите за акредитација и обезбедување квалитет. Треба да се донесе нов модел за финансирање на високото образование, се посочува во Извештајот.

Државава продолжи да учествува во Еразмус+ и во  2023 година организации од Северна Македонија учествувале како апликанти или партнери во 828 проекти на оваа образовна програма на ЕУ, како и во Европскиот корпус за солидарност, за вкупен договорен грант од 7,05 милиони евра. Земјата продолжила да учествува и во работните групи на Европската образовна област (European Education Area) 2021-2025 година.

Извештајот нотира и дека Северна Македонија постигнала одреден напредок во инклузивното образование во основните училишта, дека од учебната 2023/2024 година учениците со посебни образовни потреби се запишуваат во редовните основни училишта и се ангажирани 820 образовни асистенти.

За Ромите како ранлива категорија се соопштува дека во учебната 2023/2024 година во основното образование се евидентирани 9657, а во средното 1970, при што околу две третини се стипендисти. Во високото образование се доделени 135 стипендии за студенти Роми.

Посочено е и дека во извештајниот период властите ја усвоиле Националната стратегија за млади за 2023-2027 година заедно со Акцискиот план за 2023-2025 година.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гобер со лакт го удри Јокиќ, а потоа тргна да се тепа со уште еден кошаркар на Денвер (ВИДЕО)

Следно

Во Србија денеска е Ден на жалост

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop