Израелските воени авиони го уништија седиштето на ТВ каналот Ал-Сират во предградието на Бејрут

October 1, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Израелските воздухопловни сили го бомбардираа седиштето на телевизискиот канал Ал-Сират во предградието на Бејрут доцна синоќа, што е прв напад врз либанска медиумска институција од почетокот на офанзивата против Либан.

Како што јави дописникот на Анадолу, во јужните предградија на Бејрут во израелски воздушен напад беше погодено седиштето на ТВ Ал-Сират, која го поддржува Хезболах. Целосно е уништена зградата со седиштето на телевизијата.

Непосредно пред нападот, израелската војска нареди персоналот да ја напушти зградата, тврдејќи дека локацијата се користи за производство на „муниција“.

Во нападот нема повредени.

Хезболах подоцна негираше дека складирал оружје во цивилните згради погодени од израелските авиони, вклучувајќи го и седиштето на телевизијата Ал-Сират.

Од 23 септември, Израел започна масовни воздушни напади врз „локации на Хезболах низ Либан“, при што загинаа повеќе од 1.057, а беа повредени повеќе од 2.950, според либанското Министерство за здравство.

Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската војна во Газа, во која загинаа речиси 41.600 луѓе, главно жени и деца, по прекуграничниот напад на Хамас минатиот 7 октомври.

Меѓународната заедница предупреди дека израелските напади врз Либан би можеле да го ескалираат тековниот конфликт во Газа во поширока регионална војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од ОВА имаа труење 140 деца: Во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ најдено стафилококус ауреус и ентеротоксин

Следно

Еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски фатен на Табановце и спроведен во Шутка

Latest from Blog

Доаѓа месецот на страста: Астролозите откриваат кој хороскопски знак го чека свршувачка, кој селидба, а кој конечен крај во февруари

Љубовниот хороскоп за февруари носи судбоносни промени за сите хороскопски знаци без исклучок. Водолија и Лав донесуваат ненадејни одлуки за брак или раскинување на почетокот на овој непостојан месец. Ова не е

Вест Хем се пофали и со Адама Траоре

Во обидот да одигра што подобра пролетна полусезона, тимот на Вест Хем одлучи зимава да се засили во навалните редови на најдобар можен начин. По промоцијата на Тами Абрахам, сега на ред

Никогаш нема да ви признаат: Мажите ги мразат овие 3 работи во кревет, а бројот 3 особено не им се допаѓа

Дали некогаш сте се запрашале кои работи вашиот партнер не ги сака во креветот? Колку и да мислите дека сè што правите во креветот му годи на вашиот партнер, постојат одредени работи

Николоски на средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, потенцира вицепремиерот Александар Николоски,
Go toTop