Израелските трупи напредуваат кон коридорот Филаделфија потполно изолирајќи ја Газа од светот

June 7, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелските трупи денес напредуваа во коридорот Филаделфија меѓу Египет и Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, само 400 метри од Средоземното Море, во потполност изолирајќи ја на тој начин Газа од остатокот од светот, јавува Анадолу.

Очевидците за Анадолу изјавија дека израелските сили напредувале до подрачјето Шведско Село, на 400 метри од Средоземното Море, проширувајќи го својот упад во коридорот Филаделфија, демилитаризирана тампон-зона долга 14 километри што се протега покрај границата Газа – Египет.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се убиени повеќе од 36.700 Палестинци, од кои повеќето жени и деца, а повеќе од 83.300 се повредени.

По осум месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини среде исклучителната блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафа, каде што засолниште од нападите побараа над еден милион Палестинци.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во недела предвремени парламентарни избори во Бугарија

Следно

„Istanbul Photo Awards“ со изложба во Истанбул ја одбележува 10-годишнината

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава
Go toTop