Израелските сили застрелаа 3 Палестинци за време на рација во Наблус

May 22, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Тројца Палестинци загинаа, додека 3 лица се повредени, од кои едно тешко, за време на рацијата извршена од страна на израелските сили во бегалскиот камп „Балата“ што се наоѓа во источниот дел на Наблус, пренесува Анадолу.

Според информациите добиени од локалните извори, израелските сили во ноќните часови со булдожери и воени возила извршиле упад во кампот.

Во писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство се наведува дека како резултат на отворениот оган од израелските сили загинале тројца Палестинци, Мухамед Билал Зејтун, Фетхи Ебу Ризк и Абдула Ебу Хамдан.

Во ова соопштение се нагласува дека во рацијата на израелските сили се повредени три лица, од кои едното е тешко повредено.

Се истакнува дека израелските сили ги спречиле амбулантните возила на палестинската Црвена полумесечина да влегуваат во кампот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Нови воздушни напади врз Украина, повредени осум лица

Следно

Татко на едно од убиените девојчиња во Белград: Во училиштето на децата им пуштале народна музика за да се поврзат со духовите на настраданите

Latest from Blog

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Денес градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средби со граѓаните од урбаните заедници Димитар Влахов, Ѓорги Наумов и Кочо Десано. Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни
Go toTop