Израелските сили за една недела убија 36 Палестинци на Западниот Брег

October 13, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 36 Палестинци биле убиени од страна на израелските сили низ окупираниот Западен Брег откако избија борбите минатата сабота меѓу палестинските групи и Израел, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се наведува дека последната жртва е идентификувана како 24-годишниот Солиман Фарид Маласа, кој починал од раните здобиени за време на нападот на израелските сили врз селото Деир Ибзи, во близина на Рамала во централниот Западен Брег.

Се додава дека 650 Палестинци биле повредени во нападите на израелските сили на Западниот Брег, а 210 се примени во болниците од саботата.

Во меѓувреме, во истиот период израелските сили приведоа десетици Палестинци низ Западниот Брег, според одделни изјави.

Во драматичната ескалација на тензиите на Блискиот Исток, израелските сили започнаа постојана и насилна воена кампања против Појасот Газа, како одговор на воената офанзива на палестинската група Хамас на израелските територии.

Конфликтот започна минатата сабота кога Хамас ја започна операцијата „Поплава Ал Акса“ против Израел, ненадеен напад од повеќе страни, вклучително и лансирање ракети и инфилтрации во Израел преку копно, море и воздух.

Хамас соопшти дека операцијата е одмазда за упадот во џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство на израелските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ против позиции на Хамас во Појасот Газа.

Одговорот на Израел се прошири со прекинување на снабдувањето со вода и електрична енергија на Газа, дополнително влошувајќи ги условите за живот во областа што е под опсада од 2007 година.

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз опколениот Појас Газа се искачи на 1.537, објави вчера Министерството за здравство во Газа. Во соопштението се истакнува дека меѓу загинатите има 500 деца и 276 жени, а повредени се 6.612 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Кино Љубов“ е вивисекција на нашиот живот како уметници, но и на нас како луѓе, вели режисерот Јани Бојаџи пред денешната премиера на филмот во Штип

Следно

Пензионери од Неготино преку протест бараат повисок пензионерски стандард 

Latest from Blog

МФ: Капиталните инвестиции остануваат двигател на економскиот раст

26 мај 2026, Скопје – Обезбедување оддржливи и стабилни јавни финансии на среден и долг рок, спроведување постепена и одговорна фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит, зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во услови

Историски момент за Македонците во Албанија: Семинарот на АГСМ при ФУЕН за првпат во Тирана

29-тиот семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН ќе се одржи од 4 до 7 јуни во главниот град на Албанија, Тирана. Средбата е организирана од ФУЕН во соработка

ДРАМА НА ЕДНА ГОДИНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ во Франција – Десницата убедливо води, корупциски скандал го урна најголемиот ривал!

Само неколку дена по веста дека против претседателот на француската партија „Хоризонти“, Едуар Филип, е покрената официјална истрага за сомнежи за проневера на јавни средства, фаворизирање, незаконски судир на интереси и изнуда

Мицкоски: Со Пленковиќ разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави

Премиерот Христијан Мицкоски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претпладнево во Охрид одржаа тет-а-тет средба, а потоа им се придружија на делегациите на владина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“. – Во пријатна
Go toTop