Израелските сили убија двајца Палестинци на окупираниот Западен брег

May 6, 2023
1 min read

РАМАЛАХ (АА) – Израелската војска уби двајца Палестинци во текот на рацијата во градот Тулкерем на окупираниот Западен брег, известува Анадолу.

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство се наведува дека телата на две лица кои ги усмртиле израелските сили се префрлени во болницата „Д-р Сабит“.

Според зборовите на очевидците, израелските сили се судриле со вооружените групи по рацијата во бегалскиот камп Нуршемс.

Очевидците рекле дека судирите траеле повеќе од еден час.

Израелските сили со месеци спроведуваат рации, особено во градовите Џенин и Наблус на Западниот брег, тврдејќи дека цел им е приведување на одредени лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Почна церемонијата на крунисување на Чарлс Трети, присутен е и принцот Хари без Меган Маркл

Следно

Кралот Чарлс Трети е крунисан – се заколна дека ќе ги почитува законот и црквата

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop