Израелските сили уапсија уште 60 Палестинци во рациите на Западниот Брег

June 6, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската војска уапси уште 60 Палестинци во воените рации денес на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Меѓу приведените во рациите, кои беа спроведени во Калкилија, Источен Ерусалим, Наблус, Рамала и Хеброн, се и две жени, се наведува во заедничкото соопштение на Комисијата за прашања на затворениците и Палестинското здружение на затвореници.

Според палестинските податоци, со новите апсења бројот на приведени Палестинци од страна на израелската војска на Западниот Брег од октомври минатата година се искачи на 9.100.

Тензиите се зголемени низ Западниот Брег откако Израел ја започна смртоносната воена офанзива врз Појасот Газа, во која загинаа речиси 36.600 луѓе.

Според податоците на Министерството за здравство, оттогаш се убиени најмалку 528 Палестинци, а речиси 5.100 се повредени од оган на израелската војска на окупираната територија.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да почне копнениот напад врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓилас: Кои подобрени изборни услови кога Додик и Стевандиќ гласаа во Белград?

Следно

Набргу ќе биде составена новата влада, кажа Мицкоски

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава
Go toTop