„Израелските сили со задоволство убиваат деца“, му рече новинарката на Би-би-си на поранешниот израелски премиер

July 6, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Новинарката на Би-би-си (BBC) Ањана Гадгил во разговор со поранешниот израелски премиер Нафталин Бенет, на изјавата на Бенет дека „палестинските деца се милитанти“, возврати со реченицата: „Израелските сили со задоволство убиваат деца“, пренесува Анадолу.

Поранешниот премиер Бенет за време на вчерашното гостување во програмата на Би-би-си, зборувајќи за израелските напади на Џенин, Палестинците убиени во операцијата ги нарече „терористи“, а водителката Гадгил го потсети дека Обединетите нации (ОН) тие лица ги дефинира како „деца“.

Потоа Гадгил на Бенет му го постави прашањето: „Израелските сили тоа го нарекуваат ‘воена операција’, но сега знаеме дека се убиени млади луѓе, вклучително и четири лица помлади од 18 години. Дали навистина тоа е целта на војската? Да убива лица на возраст од 16 до 18 години?“

Во својот одговор Бенет повтори дека 11 лица од загинатите во операцијата на израелската војска биле „милитанти“ и истакна: „Тоа што млади терористи одлучиле да земат оружје, тоа е нивна одговорност.“

По одговорот на Бенет, водителката Гадгил ги опиша мртвите како „деца“ и рече: „Израелските сили со задоволство убиваат деца“, на што Бенет возврати: „Знаете, навистина е неверојатно тоа што го велите, бидејќи нѐ убиваат нас.“

Водителката во продолжение истакна: „ОН ги идентификува како деца и знаеме дека во оваа таргетирана операција се убиени 4 лица на возраст од 16 до 18 години. Да не заборавиме дека се работи за таргетирана акција. Израелските сили продолжуваат да трагаат по овие луѓе“.

По изјавата на новинарката, Бенет го даде следниот коментар: „Ја правиме вистинската работа. Тие убиваат цивили и мислам дека е неприфатливо вие на тоа да правите морален еквивалент или уште полошо.“

– Реакцијата на Бенет на зборовите на водителката на Би-би-си

Поранешниот израелски премиер Бенет, како реакција на зборовите на новинарката на Би-би-си, на социјалната мрежа Твитер објави: „Новинарката на Би-би-си, која го водеше интервјуто, се осмели да ми тврди дека ‘војниците на израелската војска се среќни од убивање деца’.“

– Израелски напади на Џенин

Израелската војска изврши напад на градот Џенин и на бегалскиот камп Џенин на 3 јули (понеделник) и го опколи регионот.

Во воздушните и копнените напади на израелските сили, кои траеја 48 часа, животот го загубија 12 Палестинци, од нив четири деца. Во овие напади се ранети 120 лица, а меѓу нив 20 се во тешка здравствена состојба.

Израелската војска, повлекувајќи се од бегалскиот камп, соопшти дека загинал еден војник.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во обид да ја вратат струјата во селото, жители од Слупчане предизвикале огромен дефект кој оставил без струја три соседни села

Следно

ФК Вардар собра над 500.000 денари од продажбата за членски карти

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop