Израелските сили ранија шестмина Палестинци во Наблус

March 16, 2023
1 min read

НАБЛУС (АА) – Израелските сили ранија шестмина Палестинци во рамките на рацијата што ја спроведоа во градот Наблус во окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.

Според информациите добиени од очевидците, израелските војници извршиле рација во зона во источниот дел на Наблус, со цел да им се овозможи на еврејските доселеници да ги извршат своите верски ритуали во подрачјето.

Младите Палестинци реагираа на оваа практика, при што настанал судир меѓу нив и израелските сили.

Израелските сили употребија солзавец, како и вистински и гумени куршуми, додека Палестинците го затворија патот каде што минуваа воени возила, фрлаа камења и молотови коктели, а запалија и гуми.

Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се вели дека во безредијата се повредени шестмина Палестинци, а тројца од нив се ранети со вистински куршуми.

За време на интервенцијата на израелските војници, 52 лица се погодени од влијанието на солзавецот.

Еврејските доселеници често упаѓаат во оваа зона под заштита на израелската војска, со цел да извршуваат верски ритуали.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Млекото, млечните производи, макароните и шпагетите од денеска со намалени цени

Следно

Еден од убиените во скопската чаршија избегал од судење за убиство во Холандија

Latest from Blog

Тудор: Дербито со Интер е повеќе од само три бода, мислам дека можеме до Скудето

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, пред саботното дерби со Интер одговараше на новинарски прашања за очекувањата од дербито. „Овој натпревар вреди повеќе од три бода; полесно ми е да се подготвам за

Марсиал ќе игра во Мексико за Монтереј

Францускиот интернационалец, Ентони Марсиал, се сели во Мексико. Поточно во тимот на Монтереј, кој што одлучи да го откупи искусниот напаѓач, од тимот на АЕК Атина каде што досега настапуваше. Марсиал во

Фон дер Лајен најави воведување на возрасна граница за користење социјални мрежи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави воведување на возрасна граница за користење на социјалните мрежи. До крајот на годината, тие ќе формираат експертска група која ќе го разгледа најдоброто
Go toTop