Израелските сили пукаа на границата со Газа: Повредени 28 Палестинци

September 23, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 28 лица се повредени од истрелите на израелските сили кон Палестинците кои демонстирале во граничното подрачје на блокираниот Појас Газа, известува Анадолу.

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство се наведува дека израелските сили пукале врз демонстрантите во близина на границата со Газа, при што се повредени 28 Палестинци, кои се префрлени во болниците во регионот.

Во нападот израелските сили користеле боева муниција, гумени куршуми и солзавец.

Палестинците во Газа веќе шест дена демонстрираат во подрачјето во близина на израелската граница во знак на протест поради нападите на екстремните еврејски доселеници на џамијата Ал Акса.

Од првиот ден на демонстрациите во источниот дел на Газа, израелската војска распореди тешко вооружени трупи и снајперисти во граничниот појас, со цел да интервенираат против демонстрантите.

Третиот ден од протестот во Газа, на 19. септември, Палестинец почина од истрели на израелските војници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Пожарникарите интервенирале на 33 пожари вчера, а активни се уште два

Следно

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop