Израелските напади врз Газа продолжуваат 199 ден: Бројот на загинати Палестинци достигна 34.151

April 22, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската Армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година достигна 34.151, јавува Анадолу.

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство објавени се најновите податоци за израелските напади врз Појасот Газа, што траат веќе 199 дена.

Во соопштението се наведува дека 54 Палестинци се убиени, а 104 се ранети во нападите што израелската Армија ги изврши врз Појасот Газа во последните 24 часа.

Со ова бројот на убиени Палестинци во израелските напади од 7 октомври наваму се зголеми на 34.151, а бројот на повредени на 77.084.

Во соопштението исто така се посочува и дека под урнатините и на патиштата сѐ уште има мртви, но поради препреките од израелските војници, медицинските тимови и припадниците на цивилната заштита не можат да стигнат до телата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хектар земја во Војводина чинеше 5.000, сега 120.000 евра

Следно

Ердоган во Багдад се состана со ирачкиот претседател Рашид

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop