Израелските медиуми за убиството на Ал Арури: Крај на ерата на Хамас и можен застој во ослободувањето на заложниците

January 3, 2024
1 min read

Според пишувањата на израелските медиуми, веројатно е дека атентатот на еден од лидерите на Хамас ќе ги одложи и евентуално ќе ги наруши понатамошните преговори со Израел, а со тоа и можноста за ослободување на заложниците и затворениците

Иако Израел не ја презеде одговорноста за операцијата во која беше убиен заменик-лидерот на Хамас, Салех Aл Арури, сепак познавачите на состојбите во овој дел од светот, сметаат тој долго време бил на врвот на израелската листа за отстрел, пишува Би-би-си.

Како што пишува дописникот на Би-би-си од Ерусалим, многу израелски медиуми го прославуваат убиството на овој висок функционер на Хамас.

Фото: EPA-EFE/MOHAMED HOSSAM

„Јерусалем пост“ ова убиство го опиша како настан што ја менува играта, но и дека може да значи крај на ерата на Хамас.

Сепак, израелските одбранбени аналитичари предупредуваат на изјавата на шефот на моќната либанска вооружена група Хезболах, Хасан Насрала, кој рекол дека атентат на која било цел во Бејрут го смета за преминување на црвената линија.

„Од почетокот на војната, Хезболах го плаќа својот долг на Палестинците со секојдневни напади врз Израел. Но, разумно беше да се ограничат на појас во близина на границата“,

пишува израелски „Хаарец“.

Ал Арури се сметал за клучен фактор за индиректните преговороти со Израел со посредство на Катар и Египет, со цел да се ослободат израелските заложници кои ги држи Хамас во Газа.

„Од сите можни дејствија за одмазда од Хамас, онаа што се однесува на заложниците е најзагрижувачка“, пишува израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“.

Според пишувањата на израелските медиуми, веројатно е дека атентатот на еден од лидерите на Хамас ќе ги одложи и евентуално ќе ги наруши понатамошните преговори со Израел, а со тоа и можноста за ослободување на заложниците и затворениците.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поставена нова урбана опрема на плоштадот во Автокоманда

Следно

Зеленски тврди дека Русија употребила речиси 300 проектили и над 200 беспилотни летала во нападите од 29 декември

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop