Израелските медиуми тврдат дека најмалку десет илјади израелски војници загинале или се ранети во Газа

August 4, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Најмалку десет илјади израелски војници се загинати или ранети во судирите кои веќе со месеци траат во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Според израелскиот весник „Једиот Ахронот“, најмалку десет илјади војници загинале или се повредени во судирите во Газа од 7 октомври минатата година.

Според официјалните податоци на израелската војска, загинале 689 војници, а 4.252 се повредени.

Во извештајот, исто така, се наведува дека секој месец околу 1.000 војници се упатуваат на Одделот за физикална терапија и рехабилитација на Министерството за одбрана, откако биле ранети во конфликтот во Газа.

Како што наведува весникот, таткото на војник во бригадата Нахал, која е стационирана на југот на Газа, изјавил дека „војниците веќе десет месеци непрекинато се борат на непријателска територија, под неповолни услови.“

„Таква ситуација никогаш не се случила во историјата на војните во кои се борел Израел, дури ниту во 1948 година“, додаде таткото на израелскиот војник.

Тензиите во регионот дополнително ескалираа откако во средата во Техеран беше убиен политичкиот шеф на Хамас, Ханије. Додека Хамас и Иран го обвинија Израел за убиството, Тел Авив ниту потврди, ниту негираше своја вмешаност.

Атентатот се случи еден ден откако командантот на Хезболах, Фуад Шукр, беше убиен во израелски воздушен напад во јужно предградие на Бејрут.

Стравувањата од сеопфатна војна меѓу Израел и Хезболах се зголемија по сѐ почестите прекугранични напади од двете страни.

Ескалацијата доаѓа во позадина на смртоносните израелски напади врз Газа во кои од октомври минатата година загинаа повеќе од 39.500 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пацоли за случајот Османи: Функционер на ИАТА ми потврди дека нема имунитет што може да ја избегне контролата

Следно

Пет активни пожари во Македонија, два се во охридскиот регион

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop