Израелските авиони продолжија да ја бомбардираат Газа, гранатирани станбени згради, институции, стадион

October 8, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската авијација продолжи и во текот на ноќта со бомбардирање на блокираниот Појас Газа, известува Анадолу.

Според изјавата на очевидците, погодени се згради на институции, банки, станбени згради, објекти што ги користат палестинските оружени сили, но и стадион.

Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле локации кои ги користи Хамас.

Во израелските најнови напади има загинати и ранети.

Медиуите во Израел објавија дека во ракетните напади врз Израел загинале 300, а повредени се 1.100 лица.

Министерството за здравство во Газа во саботата соопшти дека во израелските напади на блокираниот Појас Газа загинале 256 лица, од кои 20 деца, а 1.697 се повредени.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа најави користење на сите воени капацитети и го повика населението да ја напушти Газа.

Претседателот на САД, Џо Бајден, изрази поддршка за Израел и порача дека му наложил на својот тим константни контакти со официјалните претставници на земјите од регионот.

По вчерашниот напад на Хамас, израелската војска објави дека започнува напади на Појасот Газа со десетици борбени авиони. Во нападите во потполност се урнати станбени и деловни објекти, повеќекатници, а меѓу загинатите има и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Општините што не почитуваат закони побројни од тие што работат по пропис

Следно

Дипломатски тениски турнир во Скопје

Latest from Blog

Меси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници – Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална

Коњановски: Битолските училишта подготвени за новата учебна година

Училиштата во Општина Битола се целосно подготвени за утрешниот почеток на новата учебна 2026/2027 година, информираше денеска градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција. Коњановски истакна дека во текот на летниот распуст се реализирале

Проданоски: Сите училишта во Прилеп се подготвени за стартот на учебната година

Општина Прилеп е целосно подготвена за почетокот на новата 2026/27 учебна година, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Тој посочи дека сите основни и средни училишта на територијата на општината се подготвени за непречен

Проданоски: Наставниците, воспитувачите и негователите ги поставуваат темелите на идните генерации

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати благодарност и признание до најдобрите наставници, воспитувачи и негователи за учебната 2025/2026 година, истакнувајќи ја нивната значајна улога во воспитувањето и образованието на младите генерации.
Go toTop