Израелскиот премиер рече дека ќе ја заштити Европа од „иранската оска на злото“

April 3, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека ќе ги заштити Европа и нејзините сојузници од Блискиот Исток од, како што рече, „иранската оска на злото“, јавува Анадолу.

„Ќе ја уништиме иранската оска на злото која им се заканува на Израел, Европа и нашите партнери на Блискиот Исток“, рече Нетанјаху на заедничката прес-конференција во Будимпешта со неговиот унгарски колега Виктор Орбан.

„Ние сме посветени на уништување на иранската оска и заштита на Израел и Европа од неа“, додаде тој.

Нетанјаху рано утрово пристигна во Унгарија во четиридневна посета, и покрај налогот за негово апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

Израелскиот премиер ја поздрави одлуката на Унгарија за напуштање на МКС, нарекувајќи го потегот „храбра одлука“. Тој го оквалификува судот со седиште во Хаг како „корумпирана и антисемитска организација“.

Нетанјаху, исто така, вети дека ќе ги зголеми одбранбените врски и соработката со Унгарија.

Посетата на Нетанјаху на Унгарија е прво негово стапнување на европско тло откако МКС издаде налози за негово апсење и на поранешниот министер за одбрана, Јоав Галант, во ноември минатата година.

Групите за човекови права, вклучително и „Амнести интернешнал“ и „Хјуман рајтс воч“, ја повикаа Унгарија да го уапси Нетанјаху и да го предаде на МКС.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АА: Средба Мицкоски-Филипче, за да се заштитат меѓусебно, македонската олигархија и да се зајакне моноетничката држава

Следно

Светските реакции на тарифите на Трамп се преполни со гнев, разочарување и најави за контрамерки

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop