АА: Средба Мицкоски-Филипче, за да се заштитат меѓусебно, македонската олигархија и да се зајакне моноетничката држава

April 3, 2025
1 min read

Од Алијанса за Албанците денеска реагираа по повод средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко ФИлипче.

„Денешната средба на премиерот Христијан Мицкоски и проформа лидерот на контролираната македонска опозиција Венко Филипче е само манифестација на проектот „Македонија повторно твоја“, спонзориран од македонската олигархија и од „серискиот свет“.

Се знае за што ќе разговараат Мицкоски и Филипче. Овој последниот, заедно со сите негови пријатели, ќе се спасат од секаква законска одговорност за своите дела, додека двајцата заедно ќе го дизајнираат новиот систем кој ќе продолжи да ги удира Албанците, да ја деалбанизира државата, да ги прогонува Албанците и да го зајакне моноетничкиот режим.

Ја прашуваме коалицијата на албанските партии ВРЕДИ, кои без легитимитет се во Владата каде никој не ги рачуна, што повеќе треба да се случи за да се вразумат, да се одразат и да ја отфрлат улогата на вазали која скапо ги чинеше Албанците во овие 9 месеци“, велат од АА.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинение против таткото на Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова

Следно

Израелскиот премиер рече дека ќе ја заштити Европа од „иранската оска на злото“

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop